Почетна » Блог » Заби и Орално здравје » 3D панорамска снимка на заби

3D панорамска снимка на заби

Сподели

Рендгенската снимка открива голем број болести на забите и околните ткива кои не можат да се видат при обичен стоматолошки преглед. Од состојбата на забите, корените, поставеноста на вилиците па сè до целокупниот состав до фацијалните коски. Според д-р Миле Марин, стоматолог, ова важно дијагностичко средство може да помогне да се утврди присуството или степенот на пародонталната болест (непцата), кариес, апсцеси и многу абнормални израстоци, како што се цисти и тумори, но и да ја покаже точната локација на импактираните заби и заби кои сè уште не се целосно развиени. Рендген снимањето е значајно за поставување дијагноза. Токму со навременото дијагностицирање и лекување на забите може да се заштедат време, пари и непо- требни непријатности. Ако имате скриен карцином, рендгенската снимката може да ви го спаси животот. Современите рендген-апарати денес ослободуваат многу мало количество зрачење.

Кога е потребна снимка на заби?

Вашиот стоматолог според состојбата на забите и усната шуплина треба да одлучи дали треба да правите снимка на забите. Денес многу често се прави дигиталнa панорамска снимка со која стоматологот добива целосна слика за состојбата на сите заби во устата, но и на главата, вратот, вилиците, зглобовите, синусите. Честопати оваа стоматолошка процедура се користи и кај малите деца или тинејџери кога сакаме да видиме до каде е процесот на растење на забите или, пак, дали некој заб е заглавен и тешко никнува, но и дали има доволно простор во забната низа за новите заби кои никнуваат. Кај возрасните пациенти може да се користи да се лоцираат области на распаѓање што не може да биде видлив на обичен преглед, апцеси, инфекции или пред да се постави имплант.

Панорамска снимка – златен стандард

Денес во сите светски стоматолошки центри 3D панорамската снимка е златен стандард за планирање и одредување на типот на имплант кој идеално ќе одговара за пациентот. Ваквата снимка е неопходна и за безбедно поставување на истиот во забната низа. Оваа моќна технологија за многу кратко време обезбедува 3D панорамска слика со точна дијагноза и можност за прецизни понатамошни стоматолошки процедури. Стоматологот има можност виртуелно да навлезе во длабочината на вилицата и да се движи низ забалото, да ја процени дебелината и густината на коската, како и да детектира одредени малформации на забите. 3D панорамската снимка е задолжителна кога пациентот има проблеми со импактирани заби, криви корени и нарушена структура на забите.

Најсовремениот панорамскии 3D дигитален рендген апарат Orthophos XG3 со кој располага Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува до 60% помала доза на зрачење кон пациентот и подобар квалитет на слика. Оваа технологија обезбедува 3D панорамска слика на пациентот со што се добива точна дијагноза и можност за прецизни стоматолошки процедури. Покрај овие предности, апаратот овозможува подобар квалитет на слика во споредба со стандардните апарати. Благодарение на софистицираната технологија се овозможува снимање во најситни детали.

Најди доктор Закажи преглед Контакт