Почетна » Блог » Заби и Орално здравје » Стоматолошки check up

Стоматолошки check up

Сподели

Оралното здравје директно влијае врз здравјето на целото тело. Расипаните заби и болестите на непцата можат да влијаат во развојот на многу болести доколку не се лекуваат на време. За да го зачувате вашето здравје и да имате здрави заби доволно е 3-4 пати годишно да направите стоматолошки Check Up. Со редовниот Check Up, покрај тоа што ќе ги превенирате заболувањата, ќе имате здрави заби и уста.

Кои проблеми може да се дијагностицираат при стоматолошки Check Up?

Со помош на редовниот стоматолошки Check Up навреме се дијагностицираат расипани или скршени заби, пред да се појави поголем проблем. Исто така, со овој преглед се детектираат проблеми кои во иднина можат да предизвикаат сериозни заболувања на забите и непцето. Во поставувањето на конечната дијагноза важна улога имаат и 3D панорамските и ретроавеоларните интраорални снимки. Со нив се откриваат лезии на коронката и коренот на забите и на потпорниот апарат на забот. Исто така, можат да се откријат и заболувања на меките ткива, како цисти и тумори на вилицата, проблеми кои можеби вам не ви пречат, но мора навреме да се лекуваат пред да се развијат во сериозни заболувања. Раното детектирање на проблемите на забите и устата овозможува побрзо и полесно лекување.

• Доколку расипаните заби веднаш се направат, ќе се спречи воспаление на нервот на забот, апцес на коренот, како и појава на оток.

• Забните наслаги доведуваат до повлекување на непцето. Ако не се чистат редовно, со текот на времето забите ќе почнат да паѓаат.

• Навремено се дијагностицираат тумори на вилица, кои ако не се третираат можат да се развијат во карцином на уста.

• Се детектира бруксизам (чкрипење на забите кое се случува ноќе). Со користење на едноставна заштитна протеза во текот на ноќта се заштитуваат забите и зглобовите.

Предности на Check Up прегледите кај деца

• Со Check Up навремено се откриваат болестите, недостатоците и аномалиите на забите кај деца.

• Се прави план за правилна положба и сооднос на забите за успешна ортодонтска терапија.

Зошто Check Up во „Аџибадем Систина“?

• Искусниот тим доктори ги имплементира последните технологии и техники во стоматологијата.

• Доколку има потреба од дополнителни снимања или анализи, истите можe да се направат во „Аџибадем Систина“ во најкратко време.

• Благодарение на широката палета услуги кои ги нудиме можете да најдете решение за сите проблеми со забите.

• За пациентите кои имаат страв од стоматолог, стоматолошките интервенции се изведуваат безболно во пријатна и опуштена атмосфера.

• За пациенти со посебни потреби нудиме стоматолошки интервенции во целосна анестезија.

• Алергиските реакции, крвавења или проблеми со притисокот, кои ретко се случуваат во текот на третманот, можат веднаш да се третираат.

• Мултидисциплинарниот пристап, пред стоматолошкиот третман, овозможува да се преземаат превентивни мерки во зависност од одлуката на тимот доктори.

Најди доктор Закажи преглед Контакт