Почетна » Блог » Заби и Орално здравје » Стоматолошки интервенции со целосна анестезија за деца со пречки во развој

Стоматолошки интервенции со целосна анестезија за деца со пречки во развој

Сподели

Врвниот тим стоматолози посветува посебно внимание на оралното здравје на децата со современи стоматолошки услуги. Покрај стандардните процедури, Одделот за стоматологија во „Аџибадем Систина“ овозможува мултидисциплинарен пристап во третманот на децата со пречки во развојот. Заедно со анестезиолозите, интервенциите се изведуваат во општа анестезија. Пред третманот се прави анестезиолошки преглед. По прегледот детето се упатува во специјално опремена стоматолошка ординација, каде се спроведува третманот.

Откако детето ќе се успие, се започнува со интервенцијата. За време на процедурата се мониторираат виталните функции кај детето. Прво се почнува со чистење на забниот плак од забите, а потоа се санираат забите со кариес. Доколку има потреба, на крај се вадат заби (најчесто млечните заби). Откако ќе се заврши со интервенцијата, детето се буди и се сместува во педијатриска дневна болница, каде престојува 1 до 2 часа. Истиот ден детето си оди дома. Поради неможноста за одржување орална хигиена кај овие деца, нивните заби се почувствителни. Затоа стоматолозите ги едуцираат родителите како да ги заштитат забите кај децата со користење специјални пасти, кои го спречуваат развојот на кариес.

Детска стоматологија

Врвниот тим на стоматолози им посветува особено внимание на децата и се грижи нивното дентално здравје. Сите интервенции се изведуваат внимателно со посебен пристап со цел да се победи стравот кај децата од стоматолог. За време на интервенцијата дечињата може да го гледаат својот омилен цртан филм а за најхрабрите следуваат специјалини пломби со светки во најразлични бои.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт