Почетна » Блог » Заби и Орално здравје » Стоматолошки совети – пред и по вадење заб

Стоматолошки совети – пред и по вадење заб

Сподели

Насмевката е првиот впечаток на вашето лице. За да имате совршен изглед таа мора да биде здрава, сјајна и блескава. Но, доколку некој од забите се расипе и не постои друг начин да се спаси, неопходно е забот да се извади. Пред и по вадењето на забот потребна е правилна и соодветна нега, за побрзо зараснување и намалување на ризикот од компликации Стоматолозите советуваат да внимавате на следниве неколку совети:

Пред вадењето:

• Доколку имате некоја хронична болест (срцево заболување, дијабетес, висок крвен притисок) треба да го информирате стоматологот за терапијата што ја земате. Исто така, стоматолог треба да знае доколку сте бремени или планирате да забремените.

• Добро измијте ги забите и ставете антисептик за уста (анти-бактериски) со цел да ги сведете на минимум евентуалните воспаленија по вадењето.

По вадењето:

• Не плакнете ја устата во наредните 30 минути по вадење на забот. Со плакнењето на устата се исплакнува и коагулумот, и на тој начин се одложува заздравувањето на раната.

• По вадењето на забот, докторот ќе ви стави тампон кој треба силно да го гризете 20-30 минути, при што можете да голтате нормално.

• По вадење на забот во следните часови можно е да се појави малку крв, која ја бои плунката. Не вознемирувајте се, доколку сте загрижени, обратете се кај својот стоматолог.

• По вадење на забот може да се јави болка. Можете да се напиете аналгетик кој не содржи салицилна киселина за да не го продолжи крвавењето. Доколку болката стане посилна, обратете се кај вашиот стоматолог.

• Не чепкајте го местото со јазик. За некое време истото ќе заздрави.

• Местото на извадениот заб е иритирано и затоа треба да се избегнува тврда и топла храна во првите 24 часа.

• 24 часа по вадењето не се препорачува пушење и алкохол.

• По вадење заб, потрудете се главата да ја поставите на висока перница и да се одморите.

• Сѐ додека усната ви е вкочанета, не јадете затоа што може да осетите болка при гризење.

• 24 часа по вадењето на забот можете да продолжите со редовна хигиена на забите.

• Доколку по 24 часа се јави оток, имате болки или чувствувате лош вкус и мирис, обратете се кај вашиот стоматолог.

• Една недела по вадење на забот треба да се јавите на контрола кај вашиот стоматолог.

 

 

 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт