Прашање: Ha ноктите ми се појавуваат бели облачиња. Зошто е тоа така и што би требало да правам?
Одговор: Општо прифатено мислење за настанување бели дамки на ноктите е намален калциум, што всушност претставува мит. Ситни трауми на ноктите како што се мали удари/повреди предизвикуваат промени на делови на ноктите, кои се видливи како дисколорации, односно мали џебови на воздух на нивната површина. Постојат случаи кога причината за настанување бели дамки е поради недостаток на калциум, но се исклучително ретки и се поврзуваат со тежок дефицит на калциум, поттикнат од други болести. Доколку личноста е во добра здравствена состојба и нема недостиг од витамини, а сепак има бели дамки на ноктите, не станува збор за недостиг од калциум и не е потребно лекување.
Д-р Весна Пљакоска, дерматолог, Клиничка болница „Аџибадем Систина“