/Нерегуларностите во циклусот треба да се испитаат

Нерегуларностите во циклусот треба да се испитаат

Сподели

Здраво,

Имам 41 години, редовно на контроли сè беше во ред. Пред една година почнаа климактерични тегоби, некој месец имам некој не. Имам родено две дечиња со нормални бремености и нормално породување. Но, сега имам краварење цел месец, кога помалку кога повеке и никако не престанува. Бев на гинеколог, рече дека засега е во ред, но ако крвавењето продолжи подолго да отидам на преглед. Би сакала да ми кажете дали е нешто страшно или е некое хормонско пореметување и дали треба да се пие нешто за да престане крварењето или да не треба да се прави киретажа. Благодарам и ќе ве замолам да ми одговорите што е можно побрзо. Поздрав

 

др. Ирена Шуплиновска Јордановска, гинеколог акушер

Во вашата возраст е сеуште рано за климактериум, земајќји ја предвид просечната возраст во која жените влагаат во менопауза (48 год-55год)… За предвремена менопауза се смета ако истата настапи пред четириесетата година. Но, симптомите поврзани со истата може да се јават и години пред неа, многу често со нерегуларности во месечниот циклус.. Овој период е познат како перименопауза и е последица на значајно намалување на функцијата на јајцниците и изостанок на овулации.. не наведувате дали имате и други симптоми поврзани со перименопауза, на пример жештини, препотувања, нестабилност во крвниот притисок, промени во расположение и сл. Сепак нерегуларностите во циклусот треба да се испитаат дали навистина се должат на хормонски промени или може да станува збор и за некое органско пореметување на пример полип, задебелување на слузницата на матката (ендометриум),   циста на јајникот, миом, и секако да не се изостават и некои од посериозните заболување кои почнуваат да се јавуваат во оваа возраст како што се карцином на грлото на матката или на матката. Потребен е ПАП тест доколку немате направено. Киретажата е дијагностичка и терапевстка метода со која со специјален инструмент се гребе слузницата од грлото и внатрешноста на матката и потоа се испраќа на хистопатолошка анализа. Дали да се направи или не треба да процени доктор врз основа на детална анаменза, преглед под спекулум и ултразвучен преглед со кој се гледа и проценува слузницата на матката (ендометриум) неговата дебелина и правилност. Многу често крварења кои се долготрајни во оваа возраст се третираат со киретажа.

Со оглед на тоа дека сте сеуште млада за менопауза, потребно е да се направи хормонски статус заедно со тироиден статус со кој докторот освен со ултразвук навистина ќе види дали влегувате во менопауза, или се работи за некој друг хормонски проблем. Доколку немате контраиндикација може да ви се советува и хормонзаместителна терапија.