/Потребни се многубројни испитувања

Потребни се многубројни испитувања

Сподели

Прашање: Имам 34 години. Во брак сум 4. He можам да забременам. На почетокот од бракот при хормонално испитување ми беше низок естроген. Кога го прашав лекарот која е причината, тој ми рече дека се добива од стрес. Зедов лекови, но при неодамнешно хормонално испитување се откри дека е низок прогестеронот, 1. Имам нередовни циклуси и пред неколку месеци немав добиено циклус речиси еден и пол месец. Пиев „примулут“ и потоа добив. Ha ЕХО ми открија многу мала циста на јајчникот, лекарот рече не е опасно и после на наредното ехо, немаше циста.

Многу ме плаши нискиот прогестерон и дали се забременува со вакви параметри на прогестерон, кој е неговата функција и дали ако останам бремена, тој може да ја загрози бременоста.

Одговор: Почитувана, инфертилитетот кој трае 4 години заслужува детаљно иследување и третман. Основните испитувања за овој проблем вклучуваат и испитување на хормонскиот статус во определени денови од менструалниот циклус. Кога и кои хормони да се испитаат ќе ви каже вашиот гинеколог. Наведувате дека имате нередовни циклуси, треба да се одреди причината за тоа. Заедно со хормонскиот статус во определени денови од циклусот треба да се следи растењето и созревањето содржи јајце-клетката, т.е. да се одреди дали имате редовни овулации и последователно формирање жолто тело.

Жолтото тело е физиолошка структура која произведува прогестерон во втората фаза од циклусот и неговото адекватно функционирање е многу важно во раната бременост. Секако, со гинеколошки преглед и прегледот со ултразвук би се открило и постоењето друга патологија која би можела да биде пречка за забременување (на пример, полипи, миоми, цисти и сл). Доколку досега не сте провериле, неопходно е да се проверат проодноста на јајцеводите (бидејќи во нив се случува оплодуваката со испитување кое се вика хистеросалпингографија (ХСГ). Постапката се изведува со апликација на контрастно средство во матката и снимање со рендген. Пред ова снимање потребно е да имате негативни микробиолошки брисеви од вагина и од цервикс и ниска седиментација на крвта.

He помалку важно во испитувањата на причината за инфертилитет е спермограмот на партнерот, со кој се утврдува бројот, формата, подвижноста и слично на сперматозоидите. Кога ќе се направат сите овие иследувања, гинекологот ќе може да процени дали и каде има проблем во забременувањето.

Д-р Ирена Шуплиновска-Јордановска, специјалист по гинекологија и акушерство, Клиничка болница „Аџибадем Систина“