Прашање: Моето дете е родено со пренатален заб (2 долу). Млечен заб на тоа место досега не е израснат сега има три. Дали на тоа место ќе се појави траен заб или и понатаму ќе остане празнина? Како да постапиме?
Одговор: Најчесто пренаталните заби се заби со кои децата се раѓаат и се појавуваат во предниот дел на долната вилица. Овие заби имаат сосема мал или воопшто немаат корен. Доколку се клатат, треба веднаш да се извадат, но ако се цврсти, не се препорачува никаква интервенција. Единствена нелагодност што ја прават пренаталните заби е непријатноста при процесот на доење. Во најголем број случаи на нивно место се појавува траен заб, но не може со сигурност да се знае дали има или нема заб. Препорачуваме да дојдете на преглед, да се направи снимка и ќе се знае дали на тоа место ќе израсне траен заб.
Д-р Гордан Лазаревски, стоматолог, Клиничка болница „Аџибадем Систина”