Почетна » Блог » Срам ми е да прашам » Како се лекуваат гениталните брадавици?

Како се лекуваат гениталните брадавици?

Сподели

Гениталните брадавици ги предизвикува хуман папило­ма вирусот (ХПВ), една од нај­ честите сексуално преносли­ви болести. Одредени форми на овој вирус предизвикуваат карци­ном на грлото на матката, анусот и пе­нисот. Според статистиките, најмал­ку 50% од сексуално активните мажи и жени ќе добијат ХПВ-инфекција во одреден момент од животот, а со тоа и можност за појава на генитал­ни брадавици.

Што се генитални брадавици?

Гениталните брадавици се кожни израстоци во розова или црвена боја кои се појавуваат во пределот на по­ ловите органи. Многу често се појаву­ваат во форма на групи кои личат на гроздови и се проследени со болка, кр­вавење и чешање. Кај жените генитал­ните брадавици може да се развијат од надворешната или внатрешната стра­на на вагината, на грлото на матката, околу анусот или во устата доколку се има орален секс со заразено лице. За да се утврди дали се опасни треба да се посети гинеколог кој ќе препорача одредени испитувања.

Како се лекуваат?

Кога ќе решите да го отстраните кожниот израсток најважно е прво да посетите дерматолог. По прегле­дот, се прави процена на израсто­кот, анализа и фотодокументација со дерматоскопија. Најбрз и најбез­болен третман за отстранување на гениталните брадавици е со помош на радиофреквентниот ласер Ellman surgitron dual. Радиобрановата тех­нологија ги отстранува брадавиците со помош на енергијата од радиобра­новите. Во исто време се отстранува израстокот и ткивото коагулира, па затоа не е потребен хируршки ко­нец. Ласерската интервенција може да се изведува со општа или локална анестезија, во зависност од бројот на генитални брадавици. Естетскиот момент, процесот на заздравување и степенот на болка се многу подобри во однос на останатите методи. Уш­ те една предност на ласерската ин­тервенција е тоа што здравото ткиво во непосредна близина и здравото ткиво длабоко под брадавицата не се оштетува за време на ласерски­от третман. Вообичаено не останува лузна на ласерски третираното мес­то. Ласерскиот третман е безбеден и за бремени жени.

Колку се важни советите од дерматовенеролог?

– За жал, не постои третман кој мо­же да го убие вирусот кој ги предиз­викува гениталните брадавици, но доколку тие се појават постои реше­ние за нивно трајно отстранување. Лекувањето на претканцерогени­те промени е еден од најефикасни­те начини да се спречи појавата на карцином. Затоа при појава на как­ви било кожни израстоци или про­мени на кожата секогаш прво обратете се кај дерматовенеролог, кој на професионален начин ќе се погри­жи за безбедно отстранување на из­растокот со најсовремена технологи­ја и без последици.

Одговор на прашањето ни даде д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог

Најди доктор Закажи преглед Контакт