Почетна » Блог » Срам ми е да прашам » Зошто се потам премногу?

Зошто се потам премногу?

Сподели

Прекумерното потење, хиперхидроза, е состојба која почнува уште пред пубертетот, а потоа продолжува и се влошува. Почесто се јавува кај жените. Прекумерното потење вообичаено е локализирано, ограни­чено на одреден дел од телото (пазуви, дланки, табани), но може да биде и генерализирано. Хиперхидрозата, иако не е сериозна состојба, честопати доведува до анксиозност или депресија, вознемирувајќи ја силно личноста. Потењето може да предизвика повлекување од социјалниот живот, бегање од нови контакти и дружење. Стресот и емоционални состојби може да доведат до прекумерно потење. Кај голем дел од случаите прекумерното потење е наследно, особено доколку се појави уште во детска возраст.

Примарно и секундарно прекумерно потење

Освен примарната, постои и секундарна хиперхидроза, која е вообичаен знак на некоја болест. Треба да се внимава на ноќното потење, кое може да биде симптом на многу посериозни болести или, пак, генерализираното потење низ целото тело коешто може да би­де знак на прекумерно активна тироидна жлезда. Многу често, зголемената телесна тежина е еден од факторите кои доведуваат до прекумерно потење. Други причини се дијабетес, малигни заболувања, метаболни нарушувања, пиење лекови, невролошки болести и сл.

Најдобар начин да се ослободите од прекумерното потењепод пазувите е третманот со ботокс

Во оној момент кога антиперспи­рантите не си ја вршат својата работа и не влијаат врз намалувањето на потењето и непријатната миризба апликацијата на ботокс постигнува успешни резултати.

Како се изведува процедурата?

На местото на апликацијата се става локален анестетик, па потоа кожата се чисти со дезинфициент. Со обележување, кожата се дели на петнаесетина квадранти. Директно под пазувите се аплицира ботокс. Третманот трае 15 минути.

Првите ефекти во редукција на потењето се забележуваат по 4 недели. Ефектите од терапијата на прекумерното потење со ботокс се многу подолготрајни споредено со другите третмани со ботокс кај кои по 4-5 месеци потребно е третманот да се повтори. Кај прекумерното потење тие ефекти траат 7-9 месеци по апликацијата на ботоксот.

Дали има несакани ефекти?

Не постојат сериозни несакани ефекти од примената на ботоксот. Некогаш знае да се јави состојба слична на лесна треска при апликацијата или лесна мускулна слабост, но тие се транзиторни, минуваат лесно.

Одговор на прашањето ни даде д-р Андреј Петров, дерматовенеролог

Најди доктор Закажи преглед Контакт