Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Колку добро го познавате вашето срце ?

Колку добро го познавате вашето срце ?

Сподели

Главна тема на здравствените блогови е срцевата работа и функцијата на крвотокот. Веќе сите добро знаеме колку е важно да го чуваме срцето здраво и витално. Но, колку добро го познавате вашето срце ? Следните факти можеби ќе ве изненадат :

 

• Срцето тежи помалку од половина килограм. Просечната тежина за жени е 225 гр а за мажи е 280 гр.
• Вашето срце чука со сила доволна да исфрли крв во далечина од 9 м.
• Вашето лево белодробно крило е помало од десното за да му остави простор на срцето во градната празнина
• Во просек, милион буриња полни со крв се испумпуваат во срцето за еден просечен животен век
• Секоја година, Вашето срце отчукува приближно 35 милиони пати т.е. 100 000 пати дневно или 70 пати во минута. Во еден животен век тоа отчукува просечно 2.5 милиарди пати
• Вашето срце е скоро целосно изградено од мускулно ткиво. Тоа е доволно силно да подигне 1360 кг- што е приближна тежина на еден просечен автомобил.
• Стиснете ги рацете во тупаница и ставете ги една до друга. Тоа е приближната големина на Вашето срце. Детско срце е приближно големо колку една тупаница на возрасен човек.
• Женското срце работи побрзо од машкото.
• Срцето започнува со работа со завршувањето на четвртата недела од зачнувањето. Научниците веруваат дека со навршување на осмата недела на ембрионот, срцето е целосно оформено.

 

 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт