Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Што се случува во нашето тело при покачен крвен притисок?

Што се случува во нашето тело при покачен крвен притисок?

Сподели

Хипертензија или висок крвен притисок преставува голем здравствен проблем. Најчесто се јавува кај повозрасната популација, но со модерниот начин на живот, исхрана, стрес сè почесто од оваа болест заболуваат помладите.

Што предизвикува хипертензијата?

Нормалниот крвен притисок се движи до 120/80, доколку резултатите ја поминуваат оваа граница, со тек на време можат да укажуваат на хипертензија. Во повеќето случаи главната причина за хипертензија не е позната. Повисокиот број односно (систолен) го покажува притисокот додека чука срцето, а понискиот број (диастолен) го мери притисокот во паузите помеѓу отчукувањата. Понекогаш, заболувањата во бубрезите или надбубрежната жлезда можат да доведат до хипертензија.

Што се случува во нашето тело кога имаме покачен крвен притисок?

Во случаи на висок притисок, крвта притиска на ѕидовите од артериите работата на срцето се зголемува и може да предизвика сериозни оштетувања на артериите. Со текот на времето, неконтролирано високиот крвен притисок го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и заболувања на бубрезите. Високиот крвен притисок понекогаш се нарекува и „тивок убиец“ бидејќи со години може да не покаже речиси никаков симптом, всушност еден од пет луѓе воопшто не знаат дека го имаат.

Кои се ризични групи за хипертензија?

Над 45 годишна возраст мажите се поподлежни на хипертензија отколку жените, а ризикот од е поголем доколку некој член од семејството имал висок крвен притисок или имате дијабетес. Од друга страна, натриумот, главната состојка во солта може да го покачи крвниот притисок, поради фактот што ги задржува течностите во организмот и ја отежнува работата на срцето. Стресот индиректно го поттикнува високиот крвен притисок и срцевите заболувања. Исто така причина за ова е и нездрава и неизбалансирана исхрана, алкохолизам, пушење, како и прекумерната тежина може да доведе до ова заболување. Како превенција од оваа болест мора да го намалите вишокот килограми, да избегнувате масна храна и шеќер и да го зголемите внесот на овошје, зеленчук и диетални влакна.

Колку често треба да се мери крвниот притисок?

Крвниот притисок се мери со помош на апарат за мерење на крвен притисок кој има мажнета за надлактицата. Мерењето трае неколку минути. Точноста на вашиот апарат за мерење на крвниот притисок проверете ја кај вашиот матичен лекар. Не употребувајте апарати за мерење на крвниот притисок на подлактицата, над рачниот зглоб или на прстите на раката. Тие не ја покажуваат точната вредност на крвниот притисок. Крвниот притисок мерете го неколку пати во неделата во различен период од денот. Не претерувајте со мерењето. Тоа ќе ви го зголеми стресот и уште повеќе ќе ви го зголеми крвниот притисок.

Колку физичката активност може да помогне во намалувањето на крвниот притисок?

Прв чекор во лекувањето на крвниот притисок е промената на стилот на живеење. Физичката активност е многу значаен дел од оваа стратегија. Пешачење, лесни вежби за раздвижување на телото, возење велосипед во текот на триесет минути, секој ден може да ја спречат појавата на зголемен крвен притисок или истиот да го намалат. Ако немате доволно време настојувајте овие активности да ги применувате трипати по десет минути во текот на денот. Резулатите ќе ги почуствувате многу побрзо.

Кога и како да ја земам терапијата за зголемен крвен притисок?

Хипертензијата најчесто е долготрајна состојба. Важно е да се земаат лековите и да се продолжи следењето на крвниот притисок. Доколку се внимава на овие работи, тогаш крвниот притисок се става под контрола и се намалува ризикот од мозочен удар, срцеви заболувања и нарушувања на бубрезите. Терапијата која ви ја препорачал вашиот лекар треба да ја земате секојдневно. Терапијата се зема наутро, веднаш по станување и попладне, најдоцна до 19 часот. Никогаш не земајте терапија на своја рака, или само кога имате покачен крвен притисок. Најчесто терапијата се зема доживотно.

 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт