/Акутно и хронично воспаление на панкреас

Акутно и хронично воспаление на панкреас

Сподели

Функцијата на панкреасот е од клучно значење во разградувањето на храната и во регулирање на метаболизмот на шеќерот во крвта. Воспалението на панкреас може да се манифестира со релативно лесна клиничка презентација, па сè до тешки облици кои доведуваат до животнозагрозувачки компликации. Д-р Димитар Трајков, гастроентерохепатолог објаснува какви симптоми даваат акутниот и хроничниот панкреатитис, што најчесто ги предизвикува и кога е потребна консултација со доктор.

Симптоми на акутен панкреатитис

  • Болка во горните делови на стомакот
  • Болка која се шири во грбот
  • Болка која се интензивира по оброк
  • Гадење и повраќање
  • Болна осетливост на стомакот, покачена температура

Симптоми на хроничен панкреатитис

  • Болка во горни партии на стомакот
  • Губиток на телесна тежина
  • Дијареа, масна, смрдлива столица

Најчести причини за панкреатитис

  • Алкохолизам
  • Камења во жолчно кесе и жолчни патишта
  • Обилен и калоричен оброк
  • Покачени вредности на маснотии во крв, некои лекови, траума, медицински процедури
  • Инфекција, наследни фактори, карцином на панкреас и други поретки причини

Кога треба да се јавите на доктор?

Кога имате перзистентна стомачна болка која се шири кон грбот, гадење, повраќање, губиток на телесна тежина, долготрајни проливасти масни столици побарајте совет и преглед кај доктор. Доколку има сомнение за панкреатитис, лабораториски абнормалности, клиничка презентација, треба да се обратите кај гастроентерохепатолог кој ќе ги направи потребните лабораториски и визуелни медицински процедури за поставување дијагноза, ординирање на терапевтски план, како и совет за превентивно делување.