/Анемија најчесто нарушување на крвта

Анемија најчесто нарушување на крвта

Сподели

Анемија е состојба кога циркулирачката маса на крв не ги задоволува потребите на ткивата за кислород. Според СЗО, анемија постои кога вредностите на хемоглобинот во крвта кај возрасен маж се пониски од 130 г/л, а кај жените под 120 г/л. Се појавува и кај деца до петгодишна возраст, бремени жени, жени во репродуктивниот период, повеќеротки, по четвртата деценија и во периодот на климактериумот. Често се среќава кај постари луѓе и е еднакво застапена кај обата пола. Најчеста причина е дефицитот на железо, но може да бидат и некои вродени заболувања. За класификацијата на анемиите, клиничката слика, третманот и лекувањето разговаравме со д-р Лилјана Хаџи-Пецова, специјалист интернист-хематолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.