/Артериосклерозата е најчеста причина за проширување на абдоминалната аорта

Артериосклерозата е најчеста причина за проширување на абдоминалната аорта

Сподели

Аортата е најголемиот крвен сад. Низ неа од срцето тече крв богата со кислород и хранливи материи до секоја клетка во телото. Се состои од два дела, градна и стомачна, која во карлицата се дели на два крвни сада кои продолжуваат во двете нозе. Аортата е изградена од 3 слоја, а нејзината нормална дебелина е 3 мм. Како последица на артериосклероза или други заболувања на аортата настанува слабост на ѕидот и истата во одредени сегменти во нејзината должина во градниот или абдоминалниот дел, почнува да се шири на сметка на истенчување на целиот ѕид и најчесто доаѓа до кинење на внатрешниот слој.

Симптомите се поврзуваат со камења во бубрезите

 Најчесто аневризмата се јавува под артериите кои ги хранат бубрезите во завршниот дел на аортата. Ова се нарекува абдоминална аневризма. Во најголем број од случаите се дијагностицира случајно, во склоп на други испитувања, како на пример ехо на стомачните органи. Кога ќе почнат болките, во поголем дел од случаите, тие се поврзуваат со камења во бубрезите. Ако се открие до овој момент и ако се преземат сите пред оперативни подготовки и се направи операција, ризикот од ова заболување е во граница од 8%, што е ризик за секоја операција на артериите. Бидејќи атеросклерозата е генерализирана болест на сите артерии во телото од врвот на главата до врвот на прстите, и кај овие пациенти секоја хируршка интервенција е со поголем ризик за разлика од пациентите кои немаат болест на артериите.

Итна хируршка интервенција

 Штом ќе пукне аневризмата настанува големо крвавење зад задниот ѕид на стомачната марамица. Пациентот има силни болки и е во шокова состојба поради крвавењето. Брзата интервенција во компетентна медицинска институција може да го спаси животот на пациентот во повеќе од 50% од случаите. Ако пукне аортата и задниот ѕид на стомачната марамица, крвавењето продолжува во слободнатастомачна шуплина. Со исклучително брза и организирана интервен- ција може да се спаси животот на пациентот. Во овој случај преживувањето е 1%.

Абдоминална аневризма – болест на повозрасните мажи

Се работи за исклучително сериозна болест, која е привилегија на постарите мажи кај кои постои болест на артериите, најчесто како последица на артериосклероза, болест на која треба да се мисли на секој рутински преглед. Ова треба да го имаат во предвид општите лекари кога прегледуваат постари пациенти, бидејќи навремената дијагноза и лекување во компетентна здравствена установа може да го излекува пациентот и да се врати на секојдневните активности како и пред операцијата.