Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Д-р Ендер Одемиш, детски кардиолог: Влегувам во тимот на „Аџибадем Систина“, кој ќе стане најдобар на Балканот

Д-р Ендер Одемиш, детски кардиолог: Влегувам во тимот на „Аџибадем Систина“, кој ќе стане најдобар на Балканот

Сподели

Во „Аџибадем Систина“ се формира тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолизи, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца, кој ќе го водат д-р Одемиш и д-р Владимир Чадиковски.

„Аџибадем Систина“ има цел да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во Македонија туку и на целиот Балкан, вели Ендер Одемиш, шеф на Детската кардиологија во „Аџибадем Атакент“ во Истанбул. Самиот е врвен експерт во кардиологијата и еден од најпознатите во земјата и член на Универзитетот „Аџибадем“.

Во следниот период д-р Одемиш заедно со д-р Владимир Чадиковски ќе бидат дел од тимот на детската кардиохирургија. Но, не само по потреба, туку ќе биде во постојана координација со докторите во „Аџибадем Систина“. Вели дека ова е негов втор ангажман во болницата во Скопје, но дека сега има силни очекувања затоа што во „Аџибадем Систина“ се формира тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолизи, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца за кој уверува дека ќе биде најдобар во регионот. Одемиш е категоричен дека целите се високо поставени и дека тоа може да се оствари само со стручен тим.

– „Аџибадем Систина“ има за цел да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во Македонија, туку и на целиот Балкански Регион. Таква огромна цел може да се оствари со детски мултидициплинарен тим – вели Одемиш во интервјуто за Плус инфо.

Станува збор за специфична и чувствителна област и за операции кај деца и бебиња. Тимот што ќе се направи е сериозен, но како вие гледате на ова и кое е вашето искуство во оваа област?

– Работам на Универзитетот „Аџибадем“ од 2014 година како раководител на интервентна детска кардиологија. Спроведуваме програма за детска кардиологија при што нудиме услуги во целата земја и, исто така, функционираме како референтен центар на Средниот Источен Регион. Приближно 400 случаи годишно се третираат со интервентно транскатетарско решавање на VSD, ASD, аортна коарктација, пулмонална стеноза и слично. Тие пациенти нема потреба да бидат оперирани и заздравуваат по постапките на интервентна катетеризација. Тоа ни дава совршени можности во начинот на лекување на овие многу комплексни срцеви заболувања.

Каде работевте претходно?

– Пред Универзитетот „Аџибадем“ работев во државна болница како директор-основач на болницата.

Каква ќе ви биде соработката со докторите од Македонија и „Аџибадем Систина“ и колку често ќе доаѓате и ќе бидете достапен за пациентите?

– Всушност, болницата „Аџибадем Систина“ и Македонија за мене не се непознати, бидејќи сум бил тука неколку пати и лекував пациенти во оваа болница со помош на интервентна катетеризација. Веднаш по оваа соработка, „Аџибадем Систина“ го планира второто работно место за мене и речиси секој месец ќе бидам тука за да вршам прегледи на децата со срцеви мани употребувајќи ехо томографија, катетеризација.

Со каков тим ќе работите овде и кои се вашите очекувања?

– Се формира тим што ќе одговори на предизвиците и мислам дека за првпат во Македонија се формира сериозен акредитиран референтен центар за детска кардиохирургија. Ќе се стремиме да биде идентичен како детскиот кардиохируршки центар во Истанбул. Во тимот има стручњаци и верувам дека ќе завршиме одлична работа.

Најди доктор Закажи преглед Контакт