/Храна што го „лекува“ срцето

Храна што го „лекува“ срцето

Сподели

Доколку сте решителни во одлуката да се храните здраво и да му помогнете на срцето да остане во здрава состојба, тогаш сигурно главното мени ви се овошјето и зеленчукот. Покрај овие намирници, кои со сигурност ќе влијаат позитивно на вашето срце, постојат и други продукти за кои можеби не сте знаеле, но и тие помагаат да имате здрав живот.

Алкохол во умерени дози

Кога зборуваме за алкохолот, првата асоцијација е црвеното вино. Најновите истражувања го вклучуваат и пивото како пијалак што исто така има позитивно влијание на работата на срцето. Консумирајте умерени дози пиво, бело/црвено вино три до четирипати неделно. Во просек, тоа би значело дека пиењето една чаша алкохол дневно за жените и две чаши за мажите помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања кај ризичната популација.

Чоколадото може да биде и здраво

Да, но тука зборуваме за темното чоколадо кое во себе содржи висок процент какао. Токму какаото помага во намалувањето на крвниот притисок, ги намалува воспалителните процеси и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.

Компирот е ваш сојузник

Печен или во вид на пире, компирот е одличен избор кога станува збор за работата на срцето. Друга предност е тоа што компирот е евтина и лесно достапна намирница што може да биде ваш здрав сојузник. Богатиот извор на магнезиум и калиум од компирот се добитна комбинација за намалување на крвниот притисок.

Канола масло

Составот од 93% незаситени масти го прави најидеалниот избор за масло. Истражувањата покажуваат дека неговата редовна примена ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем. Неутралниот вкус го прави идеален за секоја храна.

Житарици со цели зрна

Јадењето цели зрна наместо рафинирани е значителен напредок за вас. Во оваа група спаѓаат житарици чие консумирање помага во намалување на лошиот холестерол, триглицеридидте, како и намалување на нивото на инсулин во крвта. Најновите истражувања покажуваат дека жените кои дневно конзумираат 2 порции житарици од цело зрно го намалуваат ризикот за кардиоваскуларни болести за 30% од жените кои јадат само една порција неделно. Идеално е доколку одберете житарици кои не содржат додаден шеќер.

Брокула

Брокулата е важен сојузник во вашата мисија за здраво срце и крвни садови. Редовното конзумирање го одржува здравјето на срцето, а истотака ги прави крвните садови поеластични. Покрај тоа, изобилува со железо, витамини А и Ц,како и витамини од групата Б. Доколку се грижите за здравјето на вашето срце, ставете ја брокулата на вашето секојдневно мени.