Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Интервју со д-р Марјан Димитровски, кардиолог – Кардиоваскуларните болести се епидемија на 21.век

Интервју со д-р Марјан Димитровски, кардиолог – Кардиоваскуларните болести се епидемија на 21.век

Сподели

Зошто сè почесто се зборува за кардиоваскуларните заболувања и зошто е зголемен трендот на нивна појава?

Кардиоваскуларните болести се болести на срцето и на циркулаторниот систем  и според клиничките манифестации може да се поделат како болести на срце или исхемични болести на срце, цереброваскуларни болести и болести на периферната циркулација. Според овие клинички манифестации имаме и различни симптоми. Фрапантните бројки на пациенти кои секојдневно се дијагностицираат со болест на кардиоваскуларниот систем е аларм дека мора да се направат напори за намалување на појавата на истите. Повеќе од 50 % од светската смртност отпаѓа на овие болести, околу 17 милиони годишно пациенти умираат од кардиоваскуларни болести во светот или во Европа околу 6 милиони годишно.

Овие бројки пропратени со високата смртност, високиот морбидитет, високата инвалидност претставуваат сериозен општествен проблем. Светската здравствена организација презема низа мерки за да се справи со овие болести. Затоа, со право денес се вели дека кардиоваскуларните болести се епидемија на денешново време.

Која е основната пато-анатомска промена која се случува, дали има заеднички именител за сите кардиоваскуларни заболувања?

– Во основа на сите кардиоваскуларни болести, некаде во 95 % кај кардиоваскуларните болести главен виновник е атеросклерозата. Атеросклерозата е биолошки процес кој се одвива со години и со стареењето во поодмината возраст таа сè повеќе се манифестира во своите први симптоми и манифестации, така да зависно од тоа кој орган ќе го нападне, добиваме болести на срце, болести на мозокот, цереброваскуларни инсулти и болести на периферниот  циркулаторен систем. Атеросклерозата пато-анатомски доведува до стеснување и зачепување на аретриските крвни садови и со тоа и веќе дава манифестации во зависност од тоа кој е таргет орган.

Кои се клучните работи кои треба да ги знаеме за превенција на ваквите заболувања?

– Светската здравствена организација преку своите програми презема низа мерки за превенција на кардиоваскуларните болести. Постојат и национални програми и мерки во одредени земји со цел да се намали смртноста од овие болести, да се намали морбидитетот, инвалидитетот се со цел да ублажи оној негативен финансиски ефект, така да сите овие мерки се концепирани во една примарна и секундарна превенција на кардиоваскуларните болести. Примарна превенција на кардиоваскуларните болести се однесува на целата популација и цел е да дојде што поблизу до целата популација за да се пренесе здравиот начин на живот  и на исхрана за да се укаже на штетноста од пушењето и сите ризик фактори, како и ефектот од сите овие ризик фактори кои би се елиминирале, со цел едукативно да се делува на популацијата а со тоа да се постигне ефект врз намалување на морбидитетот, смртноста и да се подигне свеста кај луѓето за значењто на овие болести и со тоа да се превенира да не дојде до манифестација на исполнување на болестите и компликации од овие заболувања. Во секундарна превенција цел се оние пациенти кои веќе се заболени од кардиоваскуларни болести и кај овие пациенти се делува со цел да се намали инвалидноста, смртноста, да се овозможи што побрзо откривање на болеста и лекување , правилна рехабилитација како и препорака за да се намалат сите  ризик фактори.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ игра активна улога во превенција на кардиоваскуларните заболувања. Нашиот тим постојано ги едуцира пациентите и пошироката јавност за значењето на превенцијата од овие болести. За таа цел, пред две години ја спроведовме една од најголемите кампањи „Слушни го ритамот на срцето“ каде бесплатно беа прегледани 12.000 граѓани на Р Македонија.

Кои се ризик факторите кои се негативни по здравјето на срцето?

– Отсекогаш актуелна тема е групата на ризик фактори кои доведува до брза појава на   кардиоваскуларните заболувања. Има една груба поделба на ризик факторите, ризик фактори на кои неможе да се делува тука спаѓаат полот, возраста и наследниот фактор. Кај ризик фактори кај кои може да се делува тука се повеќе ризик фактори, пред се би ги споменал покачениот крвен  притисок, пушењето, гојазноста, физичка неактивност, диајбетичари , покачени маснотии во крвта итн.

Колку исхраната може да придонесe за здрав живот?

– Со правилна исхрана и водење здрав живот секако дека првенираме појава на одредени кардиоваскуларни заболувања. Американците направиле пресметки со кои кажуваат дека нивната правила превенција последниве години го намали бројот на  кардиоваскуларните заболувања за 2 милиони пациенти за една година а со тоа и финансискиот ефект кој кај нив тоа би изнесувал 3,7  билиони долари значи огромен финансиски ефект кој се постигнал само со превенција без некоја посебна инвестиција, што значи една добра превенција може значително да го намали бројот на пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Што се однесува до исхраната, исхраната е многу важен сегмент во секојдневните навики, така да секогаш би требало да се направи еден биланс најпрво на внес на храна и на дневната потрошувачка на енергијата. Нормално дека секое внесување на вишок на храна во однос на активноста на човекот ќе доведе до несакани последици на натрупување во вид на масни наслаги а со тоа и зголемување на телесната тежина и понатаму сите компликации од тоа. Конкретно да кажеме дека во здрава исхрана  се препорачува да се избегнуваат сите оние масни продукти, масна храна. Особено кај пациенти кои имаат веќе коронарни заболувања се препорачува здрава храна, обезмастена која ќе биде богата со зеленчук, овошје или два пати до три пати неделно да се јаде риба. Рибата е богата со омега масни киселини кои се многу битни во метаболизмот на човекот и туак пред се би го спомнал лососот на прво место, потоа харинга, сардина, туна итн. Секојдневно јадење на 6 до 10 грама црно чоколадо е исто така важно, бидејќи во светот се направени многу студии на илјадници пацинети каде е докажана полезноста од конзумирање на чоколадо во мали количини. Секоагш е спорно и тоа дали треба или не тррба да се консумира црно вино. Кај кардиоваскуларните болести се препорачува чаша до две црно вино. Бројни научни студии покажуваа дека во земјите кај кои виното се консумира повеќе, бројот на кардиоваскуларните заболувања е намален  во однос на останатите земји.

Споменавте дека и физичката активност треба да се применува во нормални граници, тоа значи дека канцелариското работење треба да се надополни со движење, пешачење…

– Во целокупниот број на ризик фактори, свое место зема и физичката неактивност како ризик фактор и нормално дека секоја физичка активност која е правилно дозирана ќе има поволни ефекти на кардиоваскуларниот систем и треба да биде вклучена во самата превенција на овие болести. Со правилно користење на физичката активност може да се намали ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања за 42 %, тоа е огромен процент кај луѓето кои знаат физички да се активираат низ разни активности , тоа е брзо одење, пешачење , качување на планина, велосипедизам, разни фитнес активности. Сите овие активности два  до три пати неделно  делуваат поволно. Целта е да се постигне едно ниво на оптоварување на срцето, така да со оваа истренираност, не само што срцето добива на развивање на мускулот туку се прави една психофизичка рамнотежа на самиот човек така да има многукратно дејство врз самиот човек.

Колку често треба да се посети кардиолог без симптоми?

Кога сме кај превентивни прегледи, најпрво зависи од возраста на пациентите , после 40 години би требало по правило сите луѓе да се јават на еден превентивен преглед без да имаат некои симптоми, да направат основен преглед кој подразбира ЕКГ, аускултација на срце, палпација и еден разговор со цел да открие дали пациентот има некјои ризик фактори и дали моментално има знаци за некое кардиоваскуларно заболување. И нормално, доколку пациентот има знаци за кардиоваскуларни заболување се оди до дијагностиицрање на болеста, или доколку постојат одредени ризик фактори тогаш на пациентот му се одредува еден годишен ритам на кардиолошки прегледи зависно дали е стрес тест, ехо… Меѓутоа советувам – секој човек над 40 години би требало барем еднаш да посети кардиолог.

Најди доктор Закажи преглед Контакт