/Оптимистите имаат поздраво срце

Оптимистите имаат поздраво срце

Сподели

Научните истражувања потврдуваат дека оптимистите имаат двојно поголеми шанси за поздраво срце отколку луѓето кои на негативен начин гледаат на реалноста.

Начинот на кој гледаме нареалноста може директно да влијае на должината и квалитетот на нашиот живот. Истражувањето било изведено на над 5000 возрасни испитаници и ја открило јасната поврзаност меѓу песимистите и срцевите заболувања. Испитаниците на возраст од 48 до 84 години имале задача да пополнат прашалници во кои ќе одговорат за тоа колку се оптимисти во животот и какво е нивното ментално здравје.

Потоа на секој од нив им е измерен крвниот притисок, индексот на телесна тежина, начинот на исхрана, физичката активност, нивото на шеќер, како и консумирањето алкохол и пушењето цигари. Истражувањето покажало дека оптимистите имале двапати поголеми шанси за здраво срце од оние кои биле послабо рангирани.

Исто така се докажало дека оптимистите во споредба со песимистите имале подобро ниво на шеќер и холестерол во крвта. Утврдено е дека оптимизмот е поврзан со добри навики и здрав живот. Научниците велат дека луѓето кои се надеваат и си поставуваат цели, а при тоа позитивно гледаат на нештата, полесно ги остваруваат!