Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Органскиот шум е резултат на срцева болест

Органскиот шум е резултат на срцева болест

Сподели

Шумот на срце е прилично честа појава во педијатриската пракса, обично безопасна. Но, кај родителите буди страв дека нивното дете има болно срце, односно некоја срцева мана.

Интервју со проф. д-р Ендер Одемис, педијатар кардиолог, интервентен кардиолог од “Аџибадем Атакен” кој изведува транскатетерски интервенции кај деца во Клиничката болница “Аџибадем Систина” во Скопје.

Што е срцев шум и од која причина се јавува?

Срцев шум се детектира за време на преглед на срце. При слушање на срцето може да се слушне дополнителен звук, што не е вообичаен. Но, ова не значи дека пациентот има проблем со срцето. Многупати, кај повеќето пациенти шумот е присутен целиот живот. Може да го чуете кај пациенти од 5 месеци, а потоа може да исчезне и повторно да се јави по 1. година. Шумот не е поврзан со проблем со срцето. Повеќето пациенти со шум на срцето имаат т.е. “невин” или функционален шум.

Колку често се јавува срцев шум кај децата?

Многу често. Повеќето имаат шум, но не значи дека имаат срцева болест. Тие сепак треба да се прегледаат од педијатриски кардиолог зашто 95 отсто од шумовите може да се откријат и да се утврди дали станува збор за болест на срцето или невин шум.

Што е разликата меѓу органски и функционален шум?

Органскиот шум е резултат на срцева болест. Функционалниот е поврзан со нормална работа на срцето. Доколку пациентот има анемија, хипертиреоидизам – причини што доведуваат до забрзана срцева работа може да се јави функционален шум. Истиот ќе го снема кога ќе прекине болеста.

Дали оваа состојба е сериозна? Дали итно треба да се посети педијатриски кардиолог?

Повеќето искусни доктори во 95 отсто од случаите може да детектираат дали шумот е невин или не. Ако шумот ја промени фреквентноста, и стане погласен тоа значи дека не е невин. Ако шумот има променлив карактер со музикална компонента помеѓу 1 и 2 степен, тогаш најчесто се работи за невин или функционален шум. Во секој случај, регистриран шум на срце бара кардиолошки преглед кој треба да опфати ехокардиографија ЕКГ за дефинитивна дијагноза. Шумот на срце регистриран со аскултација не е дефинитивен параметар дека срцето е здраво или дали има некоја кардиопатија. Јачината на шумовите се поделени на 6 нивоа. Повеќето систолни шумови се посилни од 2 степена. Дијастолните шумови не се сметаат за невини.

Ако матичниот доктор смета дека шумот е посилен од 2 степена, а пациентот има абнормално ЕКГ или рендген на белите дробови, треба да го упатат пациентот на кардиолог. Морам да напоменам дека 5 отсто од пациентите со нормални наоди сепак имаат срцева болест. Од друга страна, може да се случи пациенти со вродена срцева болест да немаат шум. Шумот не е предзнак за срцева болест. Не значи дека ако не се слуша ништо, срцето е здраво.

Што е најчестиот симптом за срцева болест?

Ова е многу важно прашање. Малите бебиња, ако имаат забрзано дишење, не може да се хранат (на пр. не може да цицаат подолго од 5 минути со паузи), имаат отекување на челото, синило на устата, ноздрите се движат премногу за време на јадењето – ова се знаци за срцева слабост на бебето. Од друга страна, ако внатрешноста на устата на бебето има сина боја, посебно врвот на јазикот, тоа значи дека нема добра сатурација на кислород. Честите инфекции на белите дробови исто така се знак за можна вродена срцева слабост.

Која е предноста на овие транскатетарски интервенции кога не се отвора градниот кош кога се во прашање најмалите?

Прво, како што и кажавте нема потреба да се отвора градниот кош, не треба да го поврзете пациентот со машини при операција на отворено срце и машина за бели дробови. Овие машини може да доведат до многу компликации. Доколку се прави кардиохируршка интервенција мора да се отвори градниот кош, пациентот треба дополнително да престојува на одделот за интензивна нега во болницата, а исто така од аспект на ететика поради лузната не е препорачливо за женските деца. Со транскатетарските интервенции нема лузна на градите, а компликациите се помали. За време на интервенцијата пациентот не чувствува непријатност и може да се испише од болницата следниот ден. 

Дали сите срцевии мани кај децата може да се решат на овој начин?

Решавањето на срцевите мани кај децата со интервентна кардиологија зависи од типот на аномалија.

Каков преглед се прави за да се прецизира дијагноза на срцев шум?

Ехокардиографија, ЕКГ, рендген на граден кош и кај потешки аномалии катетеризација. Ехокардиографијата ни дава точна информација.

Дали децата треба да примат лекови за овој проблем?

Некогаш препишуваме лекови ако има потреба. Вродените срцеви аномалии не се решаваат со лекови. Треба итно да се оперира.

Дали детето може да спортува ако има срцев шум?

Сите деца кај кои е дијагностициран функционален или невин шум значи дека имаат здраво срце и може да спортуваат.

Дневник.мк

Најди доктор Закажи преглед Контакт