Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Пред да почнете со трчање, задолжително проверете го срцето

Пред да почнете со трчање, задолжително проверете го срцето

Сподели

Во пресрет на Скопскиот маратон, д-р Иван Трајков кардиолог ве советува на што треба да внимавате кога се подготвувате за поголема физичка активност.

Редовното вежбање е здраво за вашето срце. Но физичката активност секогаш треба да биде прилагодена на вашата возраст и на вашето здравје. Во пресрет на Скопскиот маратон, д-р Иван Трајков кардиолог ве советува на што треба да внимавате кога се подготвувате за поголема физичка активност.

Трчањето е најдобар кардиоваскуларен спорт

Трчањето како рекреативна редовна физичка активност преставува најдобра основа за подобрување на кондициските способност кај секоја здрава индивидуа. Трчањето на подолги дистанци (над 5 км), а посебно маратонското трчање преставува спорт кој бара соодветна физичка и ментална припрема. Според д-р Иван Трајков, трчањето преставува најдобар аеробен кардиоваскуларен спорт за подобрување на срцевите перформанси.

„Кога се започнува со трчање, прво треба да се процени колкав е кардиоваскуларниот ризик и треба да се исклучи постоење на срцево заболување. Тоа се постигнува со редовни рутински прегледи кај кардиолог. Доколку се исклучи срцево заболување, започнувањето со спорт треба да биде постепено, со постепено зголемување на должината на трчањето, но истовремено и постепено зголемување на интензитетот на трчањето. Тоа најдобро се постигнува со следење на срцевиот ритам (пулс) преку сензори на кожа. Во почетокот треба да се одржува пулсот на околу 60% од дозволениот за годините, полот и телесната тежина кај секоја индивидуа.”

Црвена зона на пулсот

Доколку сакате, во друга фаза да го зголемите интензитетот на трчањето треба да се трудите пулсот да го држите на околку 80 до 85% од максималниот дозволен пулс. „Доколку сме над таа граница, спортистот влегува во така нарeчена “црвена зона”. Тоа е зона на пулсот каде послабо се троши кислородот и се поминува во анаеробна фаза, што значи од кондициска гледна точка само се исцрпува организмот а од спортска страна не се напредува.”

Задолжителни прегледи пред физичка активност

Редовните кардиолошки прегледи пред започнување со спорт се основа за да се препорача најсоодветниот спорт, а посебно да се препорача со кој интензитет треба да спортувате. Може уште поважни се и редовните периодични кардиолошки прегледи откако индивидуата започнала да спортува неколку месеци или години. Д-р Трајков потенцира дека со периодичните прегледи ќе се намали процентот на претренираност, односно срцево оптоварување кое не е адекватно на кондициската спремност. „Индивидуи кои не смеат да се бават со висок аеробен спорт, како трчањето на долги патеки, се лица со покачен, а посебно нерегулиран крвен притисок, болести на срцевиот мускул или одредени болести на валвуларниот систем на срцето.”

Внимавајте да не колабирате
Напредувањето во секој спорт бара од една стрaна редовно спортување, но од друга страна бара и адекватна припрема пред, за време и после боло кој спорт. Има едно правило, за време на спорт спортистот не смее да осети глад или жед. Во тие случаи спортистот е околу 10-15% во дефицит на вода и калоии, и во таа фаза организмот побрзо се исцрпува. Секој спорт што трае подолго од 30 минути, спортистот мора да внесе калории ( јаглени хидрати) во различен облик и изотонични течности за спречување на губење на електролити преку поттта, што преставува основна заштита од колабирење.

извор: спортмедиа.мк

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт