Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Ризик фактори за болести на срцето

Ризик фактори за болести на срцето

Сподели

Атеросклерозата е болест предизвикана од таложење на маснотиите на ѕидот на крвните садови. Последиците од артеросклерозата се сериозни, како миокардниот инфаркт и мозочниот удар.

Во прилог ве советуваме како да ја стопирате атеросклерозта и да го зачувате здравјето на вашето срце:

Ризик фактори за развој на атеросклероза се:

    1. пушење
    2. покачен крвен притисок
    3. покачено ниво на маснотии во крв
    4. покачено ниво на триглицериди
    5. дијабет
    6. отсуство на редовна физичка активност
    7. прекумерна телесна тежина
    8. зголемена психичка напнатост, депресија

Клучни чекори за спречување на болестите на срцето кои можат да се преземат:

1. Не пушете цигари. Пушењето е еден од најзначајните фактори на ризик на развој на болести на срцето. Хемикалиите во тутунот можат да го оштетат срцето и крвните садови, што доведува до стеснување на артериите. Јаглерод моноксид во чадот од цигарите го зголемува кислородот во крвта. Ова го зголемува крвниот притисок, присилувајќи го срцето да работи понапорно. Дури и т.н. „социјално пушење“ – пушење само со кафе или пријатели е опасно и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Жените кои пушат цигари и истовремено употребуваат апчиња за контрацепција се изложени на поголем ризик од срцев или мозочен удар. Овој ризик се зголемува со возраста, особено кај жените постари од 35 години. Добрата вест е тоа што кога ќе се откажете од пушењето, ризикот од срцеви заболувања паѓа драматично во рок од само една година.

2. Физичка активност од минимум 30 минути. Секојдневното вежбање може да го намали ризикот од болести на срцето. Физичката активност помага да ја намалите прекумерната телесна тежина, а ова поволно ќе влијае на покачениот крвен притисок, покаченото ниво на холестерол и склоност кон шеќерна болест. Со секојдневна физичка активност се намалува стресот, кој е причина за појава на многу болести. Се препорачува секојдневна умерена физичка активност во траење од 30 до 60 минути.

3. Јадете здрава храна. Примената на специјалната диета наречена – диета за контрола на крвниот притисок – може да помогне во спречување на заболувањата на крвните садови и срцето. Диетата препорачува храна сиромашна со маснотии и сол, а богата со овошје, зеленчук, риба, житарки и обезмастени млечни производи.

4. Одржување здрава телесна тежина. Вишокот телесна тежина може да доведе до состојби кои ги зголемуваат ризикот од појава на срцеви болести, а тоа се: зголемен крвен притисок, зголемен холестерол и шеќерна болест. Обемот на струкот е корисна алатка во одредување на количината на масти во стомачниот предел.

– Кај мажите се смета за прекумерна тежина ако обемот на половината е поголем од 102 cм

– Кај жените се смета за прекумерна тежина ако обемот на половината е поголем од 90 cм

Дури и мало намалување на телесната тежина може да биде корисно. Намалување на телесната тежина од само 10 проценти може да го намали крвниот притисок, нивото на холестерол и ризикот од шеќерна болест.

5. Редовни здравствени прегледи. Покачениот крвен притисок и покачениот холестерол може да го оштетат срцето и крвните садови. Затоа правете редовни контроли на крвниот притисок, нивното на холестеролот и шеќер во крвта. Запомнете дека нормален крвен притисок е 120/80 мм жива. Возрасните треба да го одредат нивото на холестерол барем еднаш на секои пет години, почнувајќи од 20-годишна возраст. Во одредени услови каде постои изразена фамилијарна историја за појава на срцеви заболувања следењето на холестеролот треба да се спроведе кај сите членови во семејството. Шеќерната болест е силен фактор на ризик за развој на болести на срцето. Токму затоа сите кои имаат склоност кон развој на шеќерна болест или веќе се заболени треба редовно да ја следат состојбата на шеќерот во крвта.

Најди доктор Закажи преглед Контакт