Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Со храна до поздраво срце

Со храна до поздраво срце

Сподели

Исхраната е основна одлика на животот. Човекот како единствено свесно битие во биосферата, во текот на изминатите милениуми се стекнувал со сознанија за себе и своето опкружување. Исхраната има првостепено значење. Од начинот на живот во голема мера зависи здравјето, работната и репродуктивната способност, должината и квалитетот на човечкиот живот. Кардиоваскуларните болести спаѓаат во хроничните болести.

Задолжителни оброци

Најголемите непријатели на кардиоваскуларните заболувања во делот на исхраната се маснотиите и прекумерното внесување на солта. Имено, маснотиите го зголемуваат нивото на холестеролот во крвта и доведуваат до појава на артериосклероза на крвните садови и тоа заситените масни киселини, транс масните киселини. Неумерениот внес на сол во исхраната го покачува крвниот притисок. Здравиот начин на исхрана кај кардиоваскуларните заболувања пред сè подразбира редовно внесување храна – три основни оброци дневно: појадок, ручек и вечера и две до три ужини.

Појадок

Појадокот треба да содржи протеини, незаситени масни киселини, сложени јаглехидрати. Овој оброк и за здрави лица никогаш не смее да се прескокнува. Помеѓу појадокот и ручекот секогаш треба да има ужина, која ќе се состои од свежо овошје и десетина свежи јаткасти плодови кај кои заситените масни киселини не доминираат, односно кои се богати со незаситени масни киселини, како бадеми, лешници, ореви кои претставуваат одличен извор на антиоксиданси. Во текот на денот задолжително е внесувањето течности (вода, чај, свежо цедени сокови) и тоа од 1,5 -2 литри на ден. Високоминерализираната вода може да го зголеми крвниот притисок. Дозволено е едно до две кафиња дневно, се разбира доколку вашиот кардиолог не ве посоветува поинаку.

Ручек

Ручекот треба да се состои од варен зеленчук, од особена важност се легуминозите и тоа гравот, грашокот, леќата, кои се одличен извор на протеини – есенцијални нутриенти потребни за основно функционирање на организмот и создавање нови клетки. Храната да се готви без запршки, кои се тотално непотребни.

Совети за здраво срце

Користете ладно цедено маслиново масло, кое претставува одличен извор на омега 3 масните киселини. Треба да се користат целозрнести житарки, млечните производи да бидат обезмастени, потоа дозволено е да се користи една чаша црвено вино. Се препорачува да се избегнуваат секаков вид пржена храна, солени месни преработки, животински црн дроб и слезинка, тестенини од бело брашно, слатки, алкохол и цигари. 

Најди доктор Закажи преглед Контакт