Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Што е срцева слабост?

Што е срцева слабост?

Сподели

Срцевата слабост е хронична, прогресивна состојба кога срцето не е во  можност да испумпа доволно крв низ телото и органите за да ги задоволи потребите  од кислород и хранливи материи. Како последица на оваа состојба настануваат промени во срцето, поради кои, во обид да се задоволат потребите на организмот, настанува зголемување на волуменот на срцевите кавитети, зголемувајќи  го бројот на срцевите удари и на мускулната маса на срцето. Срцевата слабост може да биде и акутна кога се јавува поради акутно заболување на срцето најчесто при срцев удар.

Болести кои доведуваат до срцева слабост       

Болестите коишто го оштетуваат срцевиот мускул доведуваат до состојба која  ја викаме конгестивна срцева слабост. Причини за појава на срцевата слабост најчесто се коронарна болест, претходно прележаниот миокарден инфаркт, хипертензивната болест на срцето, особено пациентите кои имаат  нерегулиран крвен притисок , болестите на срцевите валвули, вродените срцеви заболувања, воспаленијата на срцевиот мускул, кардиомиопатиите, болните што имаат шеќерна болест.

Симптоми на срцева слабост

Симптомите кои ги имаат пациентите се чувство на недостиг на воздух,  општа слабост и брзо заморување,  појава на отоци на нозете,  надуеност и непријатност во стомакот, губење апетит,  отежнато дишење кое се интензивира во ноќните часови, неможност да лежат на рамно, при што веднаш се јавува чувство на “глад” за воздух , појава на кашлица и искашлување на пенлив секрет, често се јавува и  потреба да се мокри во ноќните часови, а поради лошата исхрана  на мозокот доаѓа  до појава на симптоми во вид на заборавеност и поспаност.

Дијагностицирање на срцева слабост

Диајгнозата се потврдува по земањето на анамнезата на пациентот и физикалниот преглед , и со резултатите од следниве испитувања:

  • Електрокардиограм (ЕКГ), кој може да биде уреден – нормален електрокардиограм, ЕКГ со знаци за прележан миокарден инфаркт или ЕКГ со блок на гранка. 
  • ЕХО кардиографија (ехо на срце) при што може да се измери ежекционата фракција на срцето и да се утврди степенот на срцевата слабост. Со ехо на срце може да се откријат евентуални заболувања на срцевите залистоци и вродени срцеви мани. 
  • Со РТГ на граден кош може да се видат зголемени контури на срцето.
  • Со коронарографија  може да  се утврди дали постои коронарна болест.

Најди доктор Закажи преглед Контакт