Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » TAVI – замена на срцевиот залисток без рез

TAVI – замена на срцевиот залисток без рез

Сподели

TAVI е една од најновите кардиохируршки интервенции со кои се заменува оштетениот аортен залисток без да се отвори градниот кош. Тоа за пациентот значи пократок болнички престој, побрзо заздравување и минимална можност за компликации. По интервенцијата, пациентите немаат потреба да пијат антикоагулантна терапија. Повеќе информации за оваа револуционерна интервенција ни кажува проф. д-р Александар Николиќ, кардиохирург и шеф на Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“.

Кај кои пациенти се изведува TAVI

Револуционерноста на оваа метода е поради бројните предности за пациентите, но главен бенефит е тоа што со TAVI сега може да се спаси животот на пациентите кои се проценети како високоризични пациенти за изведување на класичниот пристап со отворање на градниот кош поради присуство и на други придружни болести. Друга група пациенти кај кои се препорачува овој тип интервенција е кај постари пациенти, каде возраста е причина за можна компликација и смртност при изведување класична кардиохируршка операција.

Како се изведува?

Со оваа операција се врши замена на аортниот залисток на истиот пристап како што се изведува и катетеризација на срцето. Најчесто се изведува на тој начин што катетерот се поставува преку артеријата на ногата (arteria femoralis) кој стигнува до заболениот залисток. По пат на специјален маханизам стариот оштетен залисток се потиснува и на негово место се поставува (имплантира) новиот функционален залисток. Целата интервенција се следи на монитор со помош на рендген технологијата. Новиот залисток е направен од природен биолошки материјал кој гарантира долг живот на залистокот и непречено функционирање. Процедурата е речиси идентична како при поставување стент на местото на стеснетиот крвен сад. Целата интервенција трае помалку од еден час, додека главниот дел се завршува за околу 40 минути.

Предности на интервенцијата

Класичната кардиохируршка интервенција за замена на залисток трае околу четири часа, притоа пациентот се префрла на вештачки крвоток и е во општа анестезија. Времето за заздравување по интервенцијата трае шест до осум недели. TAVI-интервенцијата може да се изведе во локална или општа анестезија, трае помалку од еден час, не се отвора градниот кош, а пациентите се отпуштаат од болница за само неколку дена, додека целосно заздравување се очекува за една до две недели. Друга предност е што оштетениот залисток се менува со нов биолошки залисток што овозможува пациентите по операцијата да немаат потреба да пијат лекови за згрутчување на крвта.

Заболувањата на срцевите залистоци може да доведат до инфаркт

Нормалното функционирање на залистоците овозможува крвта да тече во правилна насока, со одредена брзина и во соодветно време. Патолошките промени кои ги зафаќаат залистоците влијаат на нивната функција, при што можат да станат премногу тесни и тврди и со тоа не можат целосно да се отвораат или затвораат. Ваквата неправилна функција влијае на крвниот тек (предизвикува повраток или застој на крвта). Тој проблем може да влијае на срцевиот мускул и да доведе до срцева слабост. Задржувањето на крвта доведува до зголемување на срцето со што се оштетува неговата функција. Зголемените комори и преткомори го оневозможуваат нормалниот проток на крв, при што расте ризикот за создавање коагулуми (згрутчување на крвта). Ваквата состојба може да предизвика емболија во белите дробови или во мозокот (мозочен удар). Затоа од голема важност е навремено детектирање и третман.

Најди доктор Закажи преглед Контакт