Почетна » Блог » Срце и васкуларно здравје » Живот по баjпас операциjа

Живот по баjпас операциjа

Сподели

По операцијата на срце, пациентите имаат многу дилеми за тоа како да продолжат понатаму. Што треба да јадат, дали да имаат физичка активност и кога ќе се вратат на секојдневните активности. За тоа како да продолжите со животот по изведување на операција на срце и што да очекувате, совет побаравме од проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург.

По напуштање на болницата

Во текот на првата недела пациентите чувствуваат замор и при најмала физичка активност. Не се вознемирувајте, одморете се и повторно активирај- те се. Исто така, може да се јави јадеж или болка на раната. Не паничете, потребни се 6 недели по операција за градната коска целосно да заздрави. Доколку болките се неиздржливи, веднаш консултирајте го вашиот лекар. Освен болката во градите, може да се појави и болка во нозете и прстите пора- ди користење на крвни садови за бајпас. Прошетајте малку за да ја намалите непријатноста, и чувството на затегнатост во нозете ќе исчезне. Краток период по интервенцијата се препорачува да се носат еластични чорапи на нозете.

Умерена физичка активност

Во почетокот под физичка активност се подразбира пешачење и брзо одење. Ќе ви помогне да ја вратите силата по операција и да го зголемите вашиот срцев капацитет. Докторот ќе ви даде препораки за тоа колку смеете да пешачите во текот на еден ден и колку често да се одморате. По операцијата не плашете се да се движите по скали, но не напрегајте се премногу.

Кревање предмети

Во овој период не смеете да кревате предмети потешки од 5 килограми. При кревањето тешки предмети може да ја нарушите стабилноста на градниот кош и со тоа да го одложите заздравувањето. Истото важи и за управување со автомобил. Шест недели по операцијата ќе имате привилегија да ве возат. Вашиот лекар ќе ве советува кога ќе можете да почнете да кревате предмети и да возите автомобил.

Исхрана после операција

Здравата и избалансирана исхрана ќе ви помогне побрзо да заздравите по операцијата. Кога ќе ве пуштат од болница, лекарот ќе ви препорача што треба да јадете. Вашето дневно мени треба да содржи зеленчук и овошје, а помалку месо. Храната треба да биде варена. Избегнувајте пржена, масна и зачинета храна. Исто така, треба да избегнувате тестенини, леб, масно месо.

Заборавете на солта

Ако сакате да го продолжите животот на вашето срце, треба да го намалите внесот на сол. Храната не ја солете и избегнувајте солени јадења. Доколку сте дијабетичар или имате зголемени масти во крвта, мора да се придржувате на режимот на исхрана за тие болести. Апетитот постепено ќе ви се подобрува, а оброците треба да бидат помали и почести во текот на денот.

Кажете не на пушењето

Пушењето ви е најстрого забрането по операција. Покрај тоа треба да избегнувате простории во кои се пуши. Пушењето е најголем непријател на срцето и крвните садови и најзастапен ризик фактор во нашата популација за кардиоваскуларни заболувања.

Најди доктор Закажи преглед Контакт