Почетна » Блог » Уринарно и бубрежно здравје » Кога да посетите уролог?

Кога да посетите уролог?

Сподели

Поттикнати од стравот и неизвесноста честопати свесно или несвесно го одложуваме прегледот на доктор. Бројни истражувања само ги потврдуваат фактите дека особено мажите е многу тешко да отидат на доктор дури и при појава на одредени симптоми. Ова се најчестите симптоми и состојби кои треба да ве натераат да закажете преглед на уролог.

Доколку чувствувате болка во тестисите закажете преглед на уролог кој ќе увиди дали станува збор за торзија (увртување) на пенисот која се третира со итна хируршка интервенција. Болка во тестисите може да биде предизвикана и од присуство на тумор, инфекција или воспаление на тестисот. Алармантен е фактот што канцерот на тестиси се јавува кај младата машка популација, а уште позагрижувачки е што најчесто се открива во доцна фаза од болеста.

 Крв во урина е уште една од причините зошто да посетите уролог. Закажете преглед дури ако сте забележале крв само еднаш и никогаш повторно. Крв во урината може да биде видлива или скриена која се детектира само со лабораториски тестови. Крв во урината може да биде еден од раните знаци на карцином на мочен меур и бубрезите кој доколку се открие може навремено и да се третира.

 Посетете уролог доколку имате нестандардни вредности на PSA тумор маркерот или зголемување на простата. Ваквите параметри може да значат дека се работи за воспаление или пак тумор на простата за чие лекување е одговорен специјалист по урологија. Доколку карциномот на простата се открие во рана фаза, постојат повеќе опции за третман кои ќе го подобрат квалитетот на животот.

Доколку одредено време имате проблеми со мокрењето или имате потешкотии при уринирањето веднаш закажете преглед со кој ќе се утврди причината за ваквата состојба и соодветно ќе се лекува.

Машката неплодност е состојба која треба да биде контролирана од уролог. Честопати, по откривањето на проблемот и негово решавање доаѓа до надминување на проблемот со стерилитет. Во одредени случаи потребни се и поинванзивни процедури со кои се решава неможноста за потомство.

Најди доктор Закажи преглед Контакт