Почетна » Блог » Уринарно и бубрежно здравје » Ласерски третман на стрес инконтиненција

Ласерски третман на стрес инконтиненција

Сподели

Стрес инконтиненција е неволно испуштање на урина поради неможност за контрола на мочниот меур дури и при минимална напор како што е брза промена на позиција на телото, кашлање или кивање. Мочниот меур се шири како што се исполнува со урина. Во нормални ситуации, мускулите, лигаментите и сфинктерите го контролираат испуштањето урина. Но, кога овие мускули ќе ослабнат, при секое кивање, кашлање, смеење каде се зголемува интраабдоминалниот притисок, неконтролирано истекува урина. Истекувањето урина може да биде мало неколку капки или може да биде дури и цел млаз. Оваа состојба е најчеста кај жените и е последица на физички промени на телото во процесот на стареење.

Причина

  • Породување- кај жените, ослабнување на сфинктерот и карличните мускули може да се случи како последица на оштетување на ткивото или нервите за време на природно породување. Симптомите се јавуваат веднаш или по одреден временски период или по неколку години. Во 50% од случаите стрес инконтиненција се јавува кај жени кои имаат родено повеќе деца.
  • Менопауза
  • Операции на карлицата
  • Ослабнати мускули во пределот на мочниот меур

Степени на стрес инконтиненција

  • Речиси 1/3 од пациентките со стрес инконтинеција имаат и ургентна инконтиненција. Според тежината се дели на три степени:
  • прв степен – урината се губи при стрес, но никогаш во легната положба или ноќе
  • втор степен – губитокот на урина настанува при одење, станување или дури при седење
  • трет степен е губиток на урина во стоечка, но и во лежечка положба

Дијагноза

Точната дијагноза е од суштинско значење за одредување соодветна терапија. Во дијагностички постапки спаѓа анамнестиски преглед преку кој може се постави пределиминарна дијагноза. Потоа потребно е да се направат лабораториски анализи со цел да се исклучи инфекцијата како причинител на инконтиненција. Исто така, за дијагноза на уринарна инконтоненција се користат и неинванзивни процедури како уретро- цистоскопија, цистографија, уродинамично иследување, електромиогрфија.

Лекување на стрес инконтиненцијата

Последиците од стрес инконтиненција може да бидат многу сериозни. Покрај хигиенските тука се психолошките и социјално-медицинските последици. Затоа е важно правилното лекување кое се состои од нехируршко и хируршко лекување.

Хируршко лекување

Постојат повеќе постари хируршки методи од областа на класичната отворена хирургија чијашто цел беше реконструкција на спојот и аголот на мочниот меур и мочниот канал, со истовремено подигање на мочниот меур. Сите тие се заменети со минимално инванзивни слинг операции, каде низ многу мал хируршки рез се поставува лента од специјален материјал.

Ласерски третман на стрес инконтиненција

Ласерскиот третман е замена за хируршки третман за лесен до среден степен на стрес-инконтиненција. Со третманот се постигнува создавање и ремоделирање на нов колаген, што резултира со нормализирање на функцијата за задржување на урината во мочниот меур.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најсовремениот Еr:YAG ласер кој брзо, безболно и без компликации дава одлични резултати во третманот на стрес инконтиненција.

Најди доктор Закажи преглед Контакт