/Пенилни протези – Трајно решение за еректилна дисфункција

Пенилни протези – Трајно решение за еректилна дисфункција

Сподели

Пенилните протези се користат за постигнување и одржување на ригидност на пенисот со што се овозможува нормален сексуален однос. Основна индикација за вградување на пенилни протези претставува трајно губење на ерекција.

Причини за еректилна дисфункција

Најчести причини кои доведуваат до губење на еректилната функција се : шеќерна болест (дијабетична васкулопатија и неуропатија), невролошки заболувања (церебрално васкуларни оштетувања, периферни неуропатии, компресија на нервите кај пролапс на интервертебралниот диск), Перонијева болест (доведува до оштетување венооклузивниот механизам кој е задолжен за постигнување на ерекција), пријапизам (трајно фиброзно оштетување на еректилното ткиво), сообраќајна и професионална траума, повреди во тек на хируршки интервенции во малата карлица (на пр. Операција на простата, бешика, утера, ректумот). Одредени состојби можат да го забрзаат настанувањето на трајна еректилна дисфункција, а тука се вбројуваат: хипертензија, хиперлипидемија, пушење, депресија, хормонски дисбаланс. Доколку еректилната функција не може да поправи со орални и инјекциона терапија, единствена опција, со која во потполност може да се врати ригидноста на пенисот претставува вградување на пенилни протези.

Видови на пенилни протези

Во основа постојат два вида на пенилни протези: полуцврсти протези (semirigid) и протези на надувување (Inflatibilne). Семиригидните пенилни протези се вметнуваат во еректилните тела и со тоа пациентот добива трајна цврстина на пенисот доволна за сексуален однос. Пациентот едноставно мануелно го обликува пенисот со што добива положба за пентрација. Од друга страна , вградувањето инфлатибилни протези подразбира вградување на цилиндри во кавернозните тела, пумпи во скротумот и резервоар во пределот на бешиката. По вградувањето инфлатибилни протези саканата ерекција се постигнува  едноставно со притискање на пумпата сместена во скротумот на пациентот. Предноста на семиригидните протези е во едноставноста на вградувањето и неколку пати пониската цена, а предноста на инфлатибилните протези е постигнувањето на природна ерекција со зголемување на должината и обемот на пенисот.

90% од оперираните пациенти имаат нормален сексуален однос

Операцијата на вградување протези се прави во општа и спинална анестезија, како еднодневна хирургија . Просечно време за вградување на протезите зависи од причините за еректилна дисфункција и од видот на протеза, а се движи од 40 до 100 минути. Пациентот ги зема потребните антибиотици со цел да спречи инфекции, а со сексуални односи може да почне после 4-6 недели по операцијата. Честотата на компликации по вградувањето на пенилни протези е под 7 проценти  и најчесто се работи за инфекции, ерозија на ткива или поместување на некои од компонентите на  протезата. Кај некои компликации треба да се отстрани протезата, а другите може да се лекуваат конзервативно. Спрема спроведените испитувања, по вградување повеќе од 90 проценти од пациентите и нивните партнерки се задоволни со операцијата и имаат нормален сексуален однос. Вградувањето на пенилни протези овозможува потполно решавање на сите, па и најтешки форми на еректилна дисфункција со што им е овозможена доживотна нормална сексуална активност.