Почетна » Блог » Уринарно и бубрежно здравје » Полниот мочен меур го убива вашиот сон – често мокрење

Полниот мочен меур го убива вашиот сон – често мокрење

Сподели

Многу жени за првпат се соочуваат со често мокрење за време на бременоста. Едноставно, не можете да ја поминете ноќта без да отидете во тоалетот по неколкупати. И како што старееме може да се почувствуваме како робови на нашите мочни меури.
Добрата вест е дека доколку вашиот мочен меур ве буди ноќе во неколку интервали за да мокрите, постојат мали, но ефективни промени кои можете да ги направите за да имате подобар сон. Доколку го имате овој проблем неопходно е да се обратите кај вашиот доктор бидејќи често мокрење може да биде повеќе од непријатност – тоа може да е знак на скриена медицинска состојба.

Совети кои ќе ви помогнат да имате добар сон и да се справите со проблемот ноќно мокрење:

Водете дневник за телесното испразнување

Бележете го количеството на доза на внесени и изнесени течности при уринирање. Забележете доколку уринирате премногу во текот на ноќта. Доколку уринирате повеќе од 8 пати во текот на едно деноноќие, тоа е премногу за некој под возрасната граница од 60 години. Проблем е и доколку одите во тоалет повеќе од двапати во текот на ноќта. Треба да закажете преглед кај вашиот доктор.

Ограничете ја конзумацијата на течности два часа пред спиење

Пиење течности пред одење во кревет може да предизвика потреба за уринирање во текот на ноќта. Исто така, алкохолот и кофеинот се познати како стимуланти на мочниот меур, и затоа треба да се конзумираат само во текот на денот. Пијте по една чаша алкохол, или ниту една, и намалете го внесот на кофеин.

Направете тест за апнеа

За време на длабок сон нашите тело произведува антидиуретичен хормон (ADH), што предизвикува задршка на повеќе флуиди во текот на ноќта. Луѓето кои имаат апнеа не навлегуваат во длабоките нивоа на сон бидејќи имаат недостиг на овој хормон. Дополнително, намаленото количество на кислород за време на апнеата предизвикува бубрезите да лачат повеќе вода. Во овој случај, лекувањето на апнеата ќе го реши и овој проблем.

Вежбајте

Доколку имате потечени стапала или нозе, веројатно ќе се будите повеќе ви текот на ноќта. Тоа е поради тоа што течноста која се задржува во екстремитетите во текот на денот се ослободува штом ќе ги подигнете вашите стапала на ниво со вашето срце. Тогаш течноста од вашите бубрези ќе се исфрли. За да си помогнете со овој проблем, вежбајте и одете во тоалет пред спиење, со цел да ги исфрлите задржаните течности во телото.

Една од причините е и стареењето

Точно е дека како што старееме нашите тела произведуваат помалку од хормонот кој дозволува да задржиме повеќе течности, па нашите мочни меури се полнат побрзо. Мочниот меур како што старееме може да задржи сè помалку урина.

Токму поради тоа, жените над 60 години треба да очекуваат дека ќе се будат барем еднаш во текот ноќта за да одат во тоалет. Но, и покрај тоа, овие совети може да помогнат да се намалат ноќните екскурзии во бањата за жените од сите возрасти.

Најди доктор Закажи преглед Контакт