Почетна » Блог » Уринарно и бубрежно здравје » Проблеми со мочниот меур

Проблеми со мочниот меур

Сподели

Слабата мускулатура на мочниот меур, несакани ефекти од одредени лекови, инфекции или нарушувања на метаболизмот се само дел од причините кои може да предизвикаат проблеми со мочниот меур. Честото мокрење знае да биде непријатно, а ако е придружено и со болки е вистинска причина зошто да го посетите вашиот лекар.

Повеќе од две мокрења навечер

Сосем нормално е доколку еднаш во ноќта одите во тоалет, но доколку тоа се случува повеќе од два пати и трае подолг временски период, време е да посетите лекар. За да се утврди причината која го предизвикува ноќното мокрење кажете му на докторот доколку земате одредени лекарства, дали пиете голема количина течности пред да легнете, дали имате друго заболување и сл. Најчести причина за честото ноќно мокрење се пиење на големи количини течности, зголемена простата или одредени лекови.

8 чаши вода дневно

Не мора секогаш да се придржувате кон точна бројка испиени чаши вода дневно, но важно е да бидете доволно хидрирани во текот на денот. Доволниот внес на вода во организмот овозможува урината да не биде концентрирана премногу како и го намалува ризикот од создавање на бубрежни каменчиња.

Секој може да има проблеми со мочниот меур

Проблемите со мочниот меур може да се јават подеднакво и кај мажите и кај жените, без разлика на годините. Иако одредени заболувања се поврзуваат со полот и годините или семејната поврзаност, проблемите со мочниот меур може да се јават кај секого. Доколку забележите одредени симптоми, посетете го вашиот доктор.

Болестите на простата не се секогаш главната причина

Проблемите со уринирањето не се секогаш поврзни со зголемена простата. Доколку забележите проблеми при уринирањето, можеби проблемот е одредено нарушување на мочниот меур. Редовните контроли на уролог се од голема важност за детекција на зголемена простата.

„Програмирајте го“  премногу активниот мочен маур

Луѓето кои имаат преактивен мочен меур може да си помогнат со едноставни вежби  за програмирање на уринирањето. Издржете ја ургентната потреба за уринирање до „програмираниот“ период. Од ден на ден, вашата издржливот  ќе биде се поголема. Докажано е дека овие вежби заедно со Кегеловите може да ги намалат епизодите на итност на пола.

Најди доктор Закажи преглед Контакт