Што е дијализа?

Сподели

Дијализата е постапка која се спроведува кај пациентите чија функција на бубрегот привремено или трајно откажала. Притоа од крвта се отстрануваат отпадните материи и вишокот на течност, која претходно ја отстранувале бубрезите.

Како дијализата може да ја замени функцијата на бубрезите?

Бубрезите во нашето тело имаат улога на чистачи на крвта. Тие ги отстрануваат штетните материи кои настануваат како резултат на разградните процеси во телото, а имаат функција и во регулирањето на телесните течности, рамнотежата на електролитите и одржување на pH вредноста во крвта. Кога бубрезите не работат правилно отпадните состојки и течности се задржуваат во организмот и можат да предизвикаат мачнина, повраќање, анемија, поспаност, вознемиреност, треска, па на крајот ако не дојде до навремено лекување и смрт. Дијализата, во вистинска смисла на зборот, ја заменува функцијата на бубрезите.

Основното начело на дијализата, во поширока смисла, е поминување на молекулите од крвта низ полупроширена мембрана. Ако крвта поминува низ полупроширена мембрана надвор од телото, тоа се нарекува хемодијализа. Доколку размената на молекулите се случува во телото преку перитонеалната мембрана, тогаш процесот се нарекува перитонеална дијализа.

Хемодијализата се одвива така што крвта проаѓа надвор од телото преку посебни цевчиња, се прочистува и таква се враќа назад во телото преку други цевчиња.

Во процесот на хемодијализа битни се:

–          Дијализатор

–          Апарат за хемодијализа

–          Раствор за хемодијализа

–          Прибор (игли и цевчиња)

Најважниот дел е дијализаторот или вештачки бубрег кој содржи полупропусна мембрана во облик на капилар. Низ таа мембрана поминуваат само молекулите со одредена големина и водата. Дијализаторот е прицврстен за апаратот за дијализа и се менува на секоја хемодијализа.

Растворот за дијализа или дијализат е електролитски раствор сличен на плазмата, без белковини. Тој ја одржува рамнотежата на електролити и помага во процесот на прочистување на крвта.

Уредот за дијализа е апарат кој содржи пумпи кои ја испумпуваат крвта. Преку овој процес се одржува постојаната температура на крвта и дијализатите и овозможува нивен постојан проток.

Повеќето пациенти одат на дијализа 3 пати во неделата, а постапката, во просек, трае 4 часа. 

Најди доктор Закажи преглед Контакт