Почетна » Блог » Уво, нос и грло » 8 Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања

8 Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања

Сподели

Кога докторот ќе ви каже да ја отворите устата и да го извадите јазикот тој веќе на прв поглед добива некои основни информации за вашето моментално здравје. Во кинеската медицина се учи дека јазикот укажува на сите болести на телото. Доколку не сте сигурни што ви се случува со јазикот, најдобро би било да посетите оториноларинголог.

Подолу наведуваме неколку промени на јазикот кои укажуваат на одредени неправилности.

  1. Тенок бел слој на површината на јазикот, видливи траги на забите и неколку црвени точки – ваквиот изглед на јазикот укажува на недостиг на енергија во телото која предизвикува замор, слаб апетит и претерано потење. Тоа често се одразува и на расположението, па таквите личности често се загрижени и нервозни.
  2. Тенок жолт слој на средината на јазикот опкружен со црвени точки – укажува на проблеми со варењето, дехидратација и кожна болест. Сето ова може да се манифестира и на психата, па обично луѓето кои се соочуваат со овој проблем имаат промени во расположение.
  3. Масен бел слој и отечени рабови на јазикот укажуваат на неурамнотежена работа на дигестивниот систем. Овие луѓе се чувствуваат истоштено и безволно.
  4. Црни точки на виолетова површина укажуваат на потешкотии во работата на кардиоваскуларниот систем, па личноста може да има проблеми со проширени вени, чувство на тежина во нозете, болка во градите и слаб сјај на кожата.
  5. Тенкиот бел слој и црвениот врв на јазикот откриваат дека организмот е изложен на постојан стрес кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се насобира во јазли кои предизвикуваат воспалителни процеси.
  6. Црвениот јазик со дебели жолти наслаги на средината е показател на зголемена телесна температура која укажува на можна инфекција на уринарните патишта или проблеми со кожата. Луѓето во оваа состојба најчесто не се чувствуваат удобно во сопствената кожа.
  7. Густиот бел слој на средината на бледо потечениот јазик укажува на инфекција или воспаление поврзано со некоја автоимуна болест, недостиг на витамини и минерали. Овие луѓе имаат бел тен, болки во грбот и чувство кое често се граничи со паника.
  8. Пукнатини на црвената површина на јазикот укажуваат на габични инфекции во телото, придружени со ноќно препотување, несоница и иритации.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт