Почетна » Блог » Уво, нос и грло » Кога крвавењето од носот е сериозен симптом

Кога крвавењето од носот е сериозен симптом

Сподели

На секого од нас барем еднаш му се има случено да има крвавење од носот. Но, доколку тоа се случува почесто треба да се консултирате со вашиот доктор. Една од причините за крвавење од носот може да биде и состојбата наречена наследна хеморагична телеангиектазија. Покрај крвавењето од носот, други придружни симптоми се и појава на црвени точки на лицето, усните и екстремитетите. Овие пациенти имаат абнормални крвни садови, па како резултат на тоа доаѓа до чести крвавења.

Кога се манифестира?

Наследната хеморагична телеангиектазија може да се манифестира во секоја возраст, почнувајќи од бебе. Но, најчесто симптомите се појавуваат кај луѓето во поодмината возраст.

Симптоми

Најпрепознатлив симптом е крвавење од носот, кое со тек на времето станува сè пообилно. Крвавењето почнува без никаква причина и не му претходи ни минимална повреда на носот. Придружни симптоми се и појава на црвени дамки на лицето, устата и рацете.

Дијагностицирањето на болеста е вистински предизвик

Крвавењето и другите симптоми на болеста се манифестираат различно, дури и кај членовите од исто семејство. Абнормалните крвни садови може да се наоѓаат и во мозокот и белите дробови, па честопати првиот симптом на болеста е и крвавење во белите дробови или мозочен удар. Друга причина поради доцното дијагностицирање на болеста е и недоволната информираност на медицинските лица за оваа состојба.

Третман

Како и кај секоја болест, навременото откривање е првиот чекор во третманот. Видот на третман зависи од степенот на развој на болеста и манифесните симптоми. Една од опциите се ласерски третман на лезиите кои крвават. Порано стандардно решение беше хируршка интервенција, но во денешно време таа е заменета со интервентни процедури со кои се решаваат абнормалностите на крвните садови. 

Најди доктор Закажи преглед Контакт