Почетна » Блог » Уво, нос и грло » Што може да го оштети слухот?

Што може да го оштети слухот?

Сподели

Гласната музика која доаѓа од вашите слушалки е само една од секојднeвните навики која може да резултира со оштетување на слухот. Тумори, лекарства, трауми на главата… дознајте ги главните причини за намалување на слухот.

Долгорочна изложеност на бучава на работното место

Долгорочна изложеност на бучава може да предизвика траен губиток на слухот. Честопати виновник е бучава на работното место, пред сè бучавата од машините. Доколку се соочувате со бучава на работното место, трудете се паузата да ја направите на мирно и тивко место и колку што можете оттргнувајте се од бучавата. На работа, носете тампони на ушите со цел да го ублажите гласниот звук и да ги заштитите ушите.

Повреда на глава

Тешка траума на главата може да предизвика поместување на ковчињата на средното уво или да предизвика оштетување на нервите, предизвикувајќи трајно оштетување на слухот. Нагла промени на притисокот – од летање или нуркање – може да доведе до оштетување на тапанчето, средното уво или внатрешното уво и да доведе до губење на слухот.

Лекарства

Одреден тип антибиотици и лекови за канцер може да предизвикаат оштетување на слухот како несакан ефект. Честопати додека се пијат овие лекови се следи и квалитетот на слухот за да се превенира оштетувањето. Се смета дека и редовната употреба на аспирин може да предизвика оштетување на слухот. Во одредени случаи проблемите со слухот поминуваат кога ќе престанете да ги земете лекарствата.

Хронична болест

Одредени хронични болести што не се директно поврзани со уво може да предизвикаат губење на слухот. Оштетувањето настанува како резултат на прекин на протокот на крв во внатрешното уво или мозокот. Од хроничните болести тука спаѓаат срцеви заболувања, мозочен удар, висок крвен притисок и дијабетес. Автоимуните болести, како ревматоиден артритис, исто така, може да се поврзат со некои форми на губење на слухот.

Тумори

Тумори може да го блокираат ушниот канал со што може да предизвикуваат губење на слухот. Во некои случаи, отстранување на туморот може да се врати на слухот. Како резултат на растењето на туморот може да се појават и симптоми како што се проблеми со рамнотежата, вкочанетост на лицето и зуење на ушите.

Гласна музика на концерти

Просечното ниво на децибели на рок концерт е 110, што е доволно гласно да предизвика трајно оштетување за само 15 минути. Оштетување на слухот може да се случи при изложеност на каква било бучава  која надминува над 85 децибели.

Слушалки

Доколку музиката што ја слушате преку слушалките се слуша и во околината, тогаш треба да ја намалите јачината. Слушалките може да предизвикаат привремено или трајно оштетување на слухот. Колку е погласна музиката и колку подолго време слушате гласна музика, оштетувањето може да биде поголемо.

Вродено оштетување на слухот

Вродените проблеми со слухот честопати се наследни, но може да се јават и доколку мајката има дијабетес или инфекција за време на бременоста. Губење на слухот исто така може да се развие и кај предвременородени новороденчиња или од други причини, како што се траума за време на раѓањето, која резултира со недоволно снабдување со кислород. Неонатална жолтица исто така може да биде одговорна за некои случаи на  губење на слухот кај новороденчето.

Возраста

Со стареењето доаѓа до дегенеративни промени на слушните ковчиња кои резултираат со намален слух. На оваа промена не можете да влијаете, но може да се третира и да се подобри квалитетот на слухот. Разговарајте со аудиолог за можните опции за решавање на овој проблем.

Најди доктор Закажи преглед Контакт