Почетна » Блог » Уво, нос и грло » Што се полипи во носот?

Што се полипи во носот?

Сподели

Носната полипоза е често заболување кое се јавува кај 1-4 % од населението, со тенденција на пораст. Се манифестира со појава на бенигни, безболни, меки гроздести формации кои ги исполнуваат носот и параназалните синуси. Најчести причинители на носната полипоза се инфекции, алергии, астма, преосетливост на лекови или имунолошки заболувања. Медикаментозната терапија може да ја подобри состојбата, но често е потребно и хируршко отстранување на полипите. Дури и по успешен третман, понекогаш доаѓа до повторен раст на полипите.

Симптоми на носната полипоза

Најчести симптоми се: засилена носна секреција, постојана затнатост на носот, слевање на секрет во грлото, намалување и губење на осетот за мирис, чувство на тежина во челото и на лицето, главоболка, болки во пределот на лицето, крчење при спиење и сл.

Дали се можни компликации?

Носната полипоза може да доведе до сериозни компликации по вашето здравје бидејќи го оневозможува нормалното дишење на нос и дренажата на секретот од носот и синусите. Потенцијалните компликации вклучуваат тешкотии со дишењето во тек на спиење, астматични нападаи, гноујни воспланеија на синусите кои поради оневозможената дренажа лесно се прошируваат кон очлите и може да го загрозат видот, па дури и да доведат до воспаление на мозочните обвибки.

Како се дијагностицира?

Болеста се дијагностиицра релативно лесно врз база на симпотмите на пациентото и ендоскопски преглед на носот. Прегледот се извршува во амбулантски услуов, безболенн е и трае само неколку минути. Доколку е потребно се правата и дополнителни испитувања, како компјутеризирана томографија на синсуите, алерголошки тестирања, микробиолошки и лабораториски анализи, риниманометрија и испитување на сетилото за мирис.

Третман

Основна цел во лекувањето е да се намалат или по можмост да се елиминираат полипите. Медикаментозната терапија обично е прв избор. Најчесто се користат назални кортикостероиди во форма на спреј, а понекогаш се спроведува и краткотрајна терапија со системски (орални ) кортикостероиди. Кога медикаментозниот третман не дава резултати, се препорачува хируршко отсранување на полипите. Функционалната ендоскопска хирургија на синусите е метода на избор во хируршкиот третман на оваа болест. Интервенцијата се изведува со софистицирани инструменти ендоскопи, кои овозможуваат преку носните отвори со камера и монитор, под контрола на око, да се остранат полипите од носот и синусите. По хируршкиот третман, се препорачува назален кортикостероиден спреј за да се спречи повторна појава на полипите.

Најди доктор Закажи преглед Контакт