Почетна » Блог » Уво, нос и грло » Имате вртоглавица? Проверете ја состојбата на внатрешното уво

Имате вртоглавица? Проверете ја состојбата на внатрешното уво

Сподели

Чувствувате дека сè околу вас се врти? Луѓето кои имаат вртоглавица опишуваат дека во тие моменти имаат чувство дека целиот свет се врти околу нив.

Зошто имам вртоглавица?

Една од најчестите причини за вртоглавица е проблем со внатрешното уво. Други причини за вртоглавица можат да бидат:

–          Таложење на ситни кристали на калциум карбонат во каналот на внатрешното уво. Не се знае точната причина за појава на ваквата состојба, честопати е поврзана со возраста.

–          Мениерова болест. Нарушување предизвикано од зголемување на течноста во внатрешното уво која врши притисок во увото. Симптомите се вртоглавица проследено со зуење во ушите (тинитус) и губење на слухот.
–          Вестибуларен невритис. Воспаление на внатрешното уво најчесто предизвикана од вирус. Инфекцијата предизвикува воспаление на внатрешното уво и ги зафаќа нервните завршетоци кои испраќаат сигнали до мозокот и се одговорни за одржување на рамнотежата на телото.

Појавата на вртоглавица поретко може да биде предизвикана поради:

–          Повреда на главата и вратот
–          Мозочен удар или тумор на мозок
–          Лекови кои предизвикуваат нарушување на функцијата на увото
–          Мигренозни главоболки

Симптоми на вртоглавица

Главните симптоми на вртоглавица се чувство на вртење, поместување или нишање на телото. Пациентите опишуваат дека во тие моменти одредена сила го влече телото кон една насока. Други симптоми вклучуваат: гадење, тремор на окото (нистагмус), главоболка, зуење на ушите или губење на слухот.

Како се лекува?

Во голем број случаи вртоглавицата поминува без третман. Ова се должи на способноста на мозокот да се адаптира на промените на внатрешното уво и преку други механизми успева ја одржи рамнотежата на телото. Во други случаи, доколку вртоглавицата се јавува сè почесто, се третира причината поради која дошло до нејзина појава. 

Најди доктор Закажи преглед Контакт