Почетна » Блог » Wellness » Фитнес » Фитнес во вода

Фитнес во вода

Сподели

АКВА АЕРОБИК

Никако да почнете да вежбате. Вежбањето за вас преставува стрес и напор. Но постои интересен начин како да ви биде забавно, а во исто време да го затегнете телото.

Аква аеробикот е забавен и ефикасен начин за губење на килограмите и зајакнување на мускулите. Вежбите во вода се многу поефикасни од другите вежби на „суво“ поради отпорот на водата.

За пола час вежбање во вода можете да изгубите околу 300 калории. Отпорот на водата позитивно влијае на тонусот на мускулите, ја отстранува напнатоста, а лесно се губат и најтврдокорните масни наслаги и целулит.

Што е најважно, не морате да знаете да пливате за да вежбате аеробик на вода!!

Аква аеробик или аеробик на вода се состои од аеробични вежби кои се изведуваат во плитка вода, најчесто базен, а вежбите се обично ритмични и траат од 40 до 50 минути. Часовите вклучуваат удирање со нозе, скокање, танцување, загревање, како и вежби за истегнување. Постојат многу форми на аква аеробик кои можат да се изведуваат со опрема наменета за овој спорт како што се: специјални обувки за аеробик во вода, воздушни перничиња, како и тегови за глуждовите и зглобовите.

10 главни придобивки на вежбањето во вода се:

1. Губење на масните наслаги и целулитот;

2. Јакнење на телото, зголемена флексибилност, мускулна маса и издржливост;

3. Обновување на нивото на енергија и истовремено ослободување од стрес и тензија;

4. Водата не дозволува исчанчување и повредување на зглобовите, а нејзината отпорност овозможува вежбање со посилен интензитет;

5. Ако мразите или се срамите да вежбате во соба пред други, скокањето во базен под вода е идеална замена;

6. Вежбањето во вода вклучува само 50% од тежината на телото, со што вежбите се изведуваат на полесен начин;

7. Одличен е за сите, без разлика на индивидуалната физичка подготвеност;

8. Го подобрува тоналитетот, силата и мобилноста на телото;

9. Кога телото е опкружено со вода има ефект на масажа;

10. Во жешките месеци ова е единствениот спорт кој не дозволува прегрејување на телото;

Овој тип спорт се препорачува на луѓе кои страдаат од:

1. Артритис

2. Болки во грбот и болки во зглобовите

3. Мултиплекс склероза

4. Пациенти со срцеви заболувања (работата на срцето е побавна во споредба со вежбање на суво)

5. Луѓе со прекумерна тежина

6. Бремени жени

Најди доктор Закажи преглед Контакт