Почетна » Блог » Wellness » Фитнес » Kако да изгубите килограми и во зима

Kако да изгубите килограми и во зима

Сподели

Зимскиот период е познат по наталожување на килограмите, особено во празничните денови. Во овој период вообичаено имаме помалку желба за секојдневните активности, особено за рекреација. Но, за љубителите на зимските спортови рекреацијата во студените денови е многу подобра отколку во летниот период. Ви даваме предлог како да ја одржувате телесната тежина и кога температурите се под нулата.

ЛИЗГАЊЕ

Лизгањето е интересно и забавно. Освен што е добро за вашето здравје, најважно е што се трошат калории. Ако лизгате еден час, за тоа време ќе изгубите 500 калории.  Поканете ги вашите пријатели и заедно лизгајте се за одлична линија.

ЗИМСКО ПЕШАЧЕЊЕ

Пешачењето  во зимскиот период знае да биде многу потешко, но престојот на свеж воздух и добро друштво ќе го направат да биде забавно дружење со најблиските. За еден час одење по снег ќе изгубите околу 520 калории. Не заборавајте ги штеките кои ќе ви бидат од голема помош, особено ако одите по нерамни делови.

СНОУБОРДИНГ

Похрабрите можат да се одлучат за сноубординг. Освен што ќе ви биде забавно и ќе ви го подигне адреналинот, за еден час можете да потрошите 500 калории.

СКИЈАЊЕ

Во зависност каков терен за скијање ќе одберете, ќе зависи колку калории ќе изгубите. Ако само се спуштате по рамна патека, тогаш за еден час ќе изгубите околу 500 калории, а ако одлучите да го зголемите адреналинот, за еден час можете да изгорите 900 калории, што е одлично. Освен што ќе ослабете, ќе го зацврстите вашето тело.

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ

Веројатно негодувате кога треба да го исчистите снегот од пред вашиот дом. Сепак, не сфаќајте го ова како тешка задача туку како успешен тренинг. За половина час чистење снег ќе изгубите 400 калории.

Пред да започнете со рекреативен спорт разговарајте со вашиот лекар, а советувајте се и за можните спортски повреди. За да му овозможите на вашето тело постепено да се прилагоди на ладното, неопходни ви се вежби за загревање. Подобро е да се загреете додека сте дома, пред да се изложите на ладно. Заштитете се со соодветна облека и чевли, но не треба да заборавите да ја заштитите и кожата. Ладното и ветерот можат да бидат немилосрдни, исто како и сонцето во летните денови. Но, ни зимското сонце не е за потценување – ултравиолетовите зраци се штетни како и во летните денови, така што очилата за сонце  се неопходни. Решението е крема за лице со висок фактор, а на рацете нараквици. Кога сте потполно спремни и заштитени, почнете да уживате и да се рекреирате со вдишување свеж зимски воздух.

Најди доктор Закажи преглед Контакт