Почетна » Блог » Wellness » Исхрана и нутриционизам » Консумирајте свежо сезонско овошје

Консумирајте свежо сезонско овошје

Сподели

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Многумина се сведоци дека лошите навики не е лесно да се сменат. Полесно е да посегнеме по нешто што набрзина ќе нè засити, нешто што ќе го подготвиме за десетина минути, не размислувајќи колку лоша услуга си правиме, особено кога се во прашање нашите деца. Или секој нареден пат си велиме – само уште денес, немам време во моментов за да приготвам нешто здраво.

Треба максимално да ги искористиме сите плодови кои се од есенцијално значење за нашиот организам, со кои ќе му дариме енергија, ќе го нахраниме, ќе го зајакнеме имунитетот.

Утрото започнете го со цеден сок

Секојдневно, во првиот дел од денот да се јаде свежо овошје, кое исто така може да се зема како цеден сок или да се блендира заедно со зеленчук со што ќе се постигне поубав ефект поради комбинацијата како на витамини така и на минерали кои ги поседува зеленчукот. Не смее да се изостави јаткастото овошје како сировите бадеми, лешници, непечените кикиритки, кои се богати со незаситени масни киселини, минерали од особено значење за организмот. Семките се многу корисни и задолжително треба да бидат дел од секојдневието, особено ако постои желба за „грицкање“. Рафинираниот шеќер штетно влијае врз организмот и нема речиси никаков бенефит од неговото консумирање, но сите посегнуваат по слатки. Затоа рафинираните слатки заменете ги со сува брусница, темно суво грозје, суви смокви, суви сливи (внимавајте да немаат додаток на шеќер), за да внесете природен шеќер, додека чипсовите и другите солени индустриски производи заменете ги со непечени семки од тиква, непечен сончоглед.

Најди доктор Закажи преглед Контакт