Почетна » Блог » Wellness » Исхрана и нутриционизам » Разладување со храна

Разладување со храна

Сподели

Живата на термометарот расте. Прво по што посегате се ладните газирани пијалаци и далечинското од вашиот клима уред. Но, треба да внимавате, брзото разладување може да доведе до спротивен ефект. За да се чувствувате пријатно и освежени во лето потребна ви е полесна исхрана и многу хидратација. Како да ги преживеете летните температури, совет побаравме од нутриционистот Ана Антовска.

Ладното ќе ве згрее

Во летниот период многумина посегаат по ладни газирани пијалаци, коцки мраз и клима уреди. Но, овие методи нудат само краткотрајно олеснување. Сè што е поладно од вашата телесна температура создава ефект на привремено ладење, а потоа по 20 минути се случува спротивното. Ако пиете премногу ладни течности, може да дојде до стегање на крвните садови и помало губење на топлината, а тоа е многу лошо ако сакате да се разладите. Газираните пијалоци ви нудат само моментално задоволство. Во суштина непотребно ќе го оптоварите организмот со многу шеќер и други штетни компоненти кои тие ги содржат, како бои, вештачки ароми, вештачки засладувачи кои не се корисни за организмот. Секојдневното пиење на овие пијалаци ќе ви направи зависност, а тоа е целта на производителите. Но, сепак, за здрав живот и вистинско нутритивно освежување користете лимонада од природен лимон. Тој е пребогат со витамин Ц, флавоноиди кои се моќни антиоксиданси и помагаат во регулирање на ензимите кои го инхибираат растот на туморните клетки. Исто така, лимонот е одличен извор на лимонин, цитрусно масло кое се покажало дека го спречува растот на туморните клетки кај животните.

Ослободете се од непријатниот мирис на потта со храна

Во топлите денови треба да се внимава и на потењето, кое знае да биде доста непријатно кај некои луѓе. Тоа се случува доколку во исхраната не е застапен цинкот. Акo јадете храна богата со цинк, тогаш вашата пот ќе нема непријатен мирис. Затоа ви препорачувам во вашата исхрана да вклучите пченични и овенси трици, школки, сирови кикирики и бадеми.

Летното царство од овошја

Убаво е да се јадат плодови кои содржат и до 90% вода, како лубеницата и дињата и други. Мангото, исто така, ќе ви помогне да се разладите во топлите денови. Имено, тоа содржи многу растителни влакна, околу 7 грама и витамини. Ова тропско овошје изобилува со бета-каротен, и витамин А. Едно манго содржи повеќе од 8.000 единици бета-каротен, што претставува 150 пати поголемо количество од препорачаната дневна доза. Еден ваков плод не снабдува комплетно со потребната дневна доза на витаминот Ц и со солидна количина калиум. Ова значи дека и покрај тоа што ќе ве разлади, мангото поради присуството на бета-каротенот штити од рак, атеросклероза, кардиоваскуларни болести, мозочен удар. Витаминот Ц, кој е моќен антиоксиданс, може да помогне во превенција од рак, срцеви заболувања и инфекции. Зарем не се согласувате дека дињата е прекрасна? Препорачувам во лентите месеци да се јаде речиси секој ден, по една до две порции (тоа значи еден до две парчиња од 100 гр.). Пола диња задоволува повеќе од препорачините дневни дози од 5.000 единици бета-каротен. Тоа не е сè, таа исто така обезбедува импресивни 113 грама витамин Ц, што е двојна доза за непушачи. Дополнителен бонус претставуваат 825 гр калиум, и скромни 925 калории. Овој плод е богат и со растителни влакна. Препуштете се на волшебниот вкус на праската која ја има во изобилство во лето. Доколку ја јадете ладна, убаво ќе ве олади, но и ќе ви послужи како исклучително здрав појадок или ужинка. Праската е идеален извор на бета–каротен и тоа 470 интернационални единици, што претставува 10% од препорачаната дневна доза. Исто така, праската е богата и со калиум. Во 100 гр има само 35 калории. Тоа значи дека треба да се користи секој ден, задолжително за диеталците.

Грицкајте краставици

Краставица е одлична салата за летните месеци и многу високите температури. Можете да ја јадете колку што сакате бидејќи има неверојатно низок гликемски индекс. Една шолја од сечкана краставица има само 14 калории, претставува храна која треба да ја јадат оние кои се на диета и кои имаат потреба постојано нешто да грицкаат. Овој прекрасен плод содржи стероли, материи што го штитат срцето и го намалува холестеролот.

Најди доктор Закажи преглед Контакт