Почетна » Блог » Wellness » Исхрана и нутриционизам » Д-р Александра Хаџи-Димова – Изборот на здрави намирници не значи и правилна исхрана

Д-р Александра Хаџи-Димова – Изборот на здрави намирници не значи и правилна исхрана

Сподели

Со диетологот д-р Александра Хаџи-Димова, од одделот за диетологија и нутиционизам на Клиничка болница „Аџибадем Систина“, разговаравме за правилната исхрана, нутриционистички принцип, за диетотерапија и за многу други важни аспекти кои што ги проучува диетологијата. Современиот човек денес има избор кој тип на исхрана ќе одлучи да го применува. Кон неговата одлука влијаат бројни релевантни нутриционистички и лекарски ставови или пак искуства од луѓе кои заради различни причини, прифатиле еден од овие начини на исхрана и со популаризација на истата, влијаат врз одлуката на останатите. За многуте заблуди поврзани за храната, како и за многу важни прашања поврзани со правилната исхрана, разговаравме со диетологот д-р Александра Хаџи-Димова, дел од стручниот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

За почеток, постои ли разлика помеѓу поимите здрава храна и правилна исхрана?

Само изборот на здрави намирници за вашето мени не значи и правилна исхрана. За исхраната да биде правилна, освен изборот на здрава храна, треба да бидат исполнети и други услови, а тоа се пред сè, нивна соодветна подготовка, правилна комбинација и ритам на консумација што ќе резултира со правилна дигестија на храната. Со други зборови, на пример, ако на гравчето му додадете месо, и покрај изборот на два вида на здрава храна, нивната комбинација е несоодветна заради разликите во варењето на храната, па затоа спаѓа во групата на неправилна исхрана. Или пак, ако рибата која сте ја избрале за ручек и вечера, ја испохувате па ја испржите во длабоко масло, апсолутно сте уништиле едена исклучително здрава намирница. Исто така, не можам а да не ја спомнам честата комбинација на месо и компир, која не е дозволена во ниеден нутриционистички принцип на исхрана.

Следејќи ја оваа линија, дали овошјето може да се консумира било кое време од денот, бидејќи е здраво?

Овошјето секој го става во групата на здрава храна, но тоа не треба да се јаде во вечерните часови.

Секојдневно се појавуваат нови и различни диети со заеднички префикс „нај“. Какво е Вашето размислување околу ова?

Во последно време, сè повеќе, на пазарот има понуда од разни диетални производи и разни диети а во истовреме е парадоксално што прекумерната телесна тежина е сè поприсутна. Тоа е така, бидејќи голем дел од диетите се неодржливи на долги патеки бидејќи телото гладува. А гладување не е исто со правилно намалување на телесните масти, бидејќи дебелината претставува натрупување на телесните масти. Не е ни најмалку исто дали тежината потекнува од мускулната или од масната маса, од течноста и каде ја губите тежината. 

Не верувам дека некој може долго време по цел ден да јаде само овошје, или некој седум дена во неделата да јаде месо, друг да е постојано на некакви житарки со јогурт или пак секој ден изборот на ручекот да е мешунка.

Спомнавте нутриционистички принцип. Што претставува тој?

Според застапеноста на јаглехидратите во целодневната исхрана, постојат три глави диетолошки принципи и тоа: високојаглехидратен, нормојаглехидратен (со својата подгрупа за граничен внес на јаглехидрати) и нискојаглехидратен принцип (кој може да има три подгрупи: високопротеински и високомасен внес, потоа високопротеински внес и на крај восокомасен внес). За кој од овие генерално три принципи со своите подгрупи ќе се одлучите да ја спроведувате диетопревенцијата или диетотерапијата, зависи од многу индивидуални фактори, како и ос здраствената состојба со сите придружни ко-морбидитети кај пациентот.

Во борбата со килограмите, дали постои пресуден фактор на кој треба да се обрне особено внимание?

Потребно е да се знае дека во борбата со дебелината, главната улога е хормонот инсулин кој го излачува панкереасот, а тој се излачува под стимулација на јаглехидратите како би довел до регулација на шеќерот во крвта. Исто така, не е исто дали имате инсулиска резистенција или не. Така, простото кратење на калориите нема да доведе до намалување на килограмите и тука изборот на високо јаглехидратни диети воопшто не е исправен пристап за намалување на тежината (исхрана во која доминираат скробните намирници,компирот, житарките, мешунките).

Од друга страна, диетите со кратење на калории, притоа не водејќи грижа од која намирница потекнуваат калориите, кај инсулински нерезистените, ќе доведат до некој резултат, но зарем треба да се храниме со рафинирана и индустриски преработена храна а при тоа да ни се важни само бројот на калории а не и од каде потекнуваат? Затоа, доколку се следи овој нутриционистички пристап, калориите треба да потекнуваат од здрава храна која ќе биде прилагодена кон секој поединец и не би требало да бидат под нивото на основниот метаболизам.

Што претставува одржлив нутриционистичкиот принцип?

Нутриционистичкиот принцип кој е одржлив долго време, подразбира разновидност во исхраната со намирници кои не делуваат агресивно и брзо во подигањето на шеќерот во крвта (среден до низок ГИ) со елиминација на шеќерни преработки и други штетни месни преработки, без страв од природните здрави масти.

Дали Македонците се хранат здраво и каква е состојбата со дебелината? Се слушнаа во јавноста загрижувачки бројки околу ухранетоста на децата. Дали станува збор за алармантна ситуацијата?

Денес има сè повеќе текстови, колумни во печатените и електронските медиуми, кампањи и настани кои обработуваат теми поврзани со исхраната, кои што информираат и едуцираат за позитивното и штетното влијание на храната и начинот на исхрана. Но, тоа не е доволно, бидејќи иако се прифаќаат голем дел од сугестиите за да се променат одредени навики, потребно е знаење но треба и време. Сепак, се случуваат промени и луѓето сè повеќе стануваат свесни дека здравата и правилна исхрана е основна за здраво семејство.

Далеку сме од добри резултати, а да не зборуваме за одлични. Имено, доволно е само да се погледне едно училишно мени и да ви стане јасно, но се надевам дека ќе дојде време кога во образовниот систем ќе се воведе предмет кој ќе обработува нутритивни теми бидејќи според мене, елементарно познавање за исхраната е еднакво на описменување на детето. Нешто слично како Попај и спанаќот нели? Неприфатливо е дете од седум – осум години да има 40 -50 кг, тоа е алармантно.

Кој е Вашиот совет?

Познат совет од нутриционата биологија е дека должината на животот е обратно пропорционална со мерката на исцрпеност на ензимскиот потенцијал на организмот. Зголемениот внес на прехрамбени ензими го чува ензимскиот потенцијал и затоа свежата храна треба да е присутна на дневното мени секој ден без познатото оправдување: „Ќе почнам од утре“.

извор – pharmanews.mk

Најди доктор Закажи преглед Контакт