Почетна » Блог » Wellness » Исхрана и нутриционизам » Нутритивно здрав оброк – намаз од индиски ореви

Нутритивно здрав оброк – намаз од индиски ореви

Сподели

Појадокот е оброк што не треба да се прескокнува, без разлика на обврските. Овој оброк ни ја дава потребната енергија за извршување на сите дневни активности. Но, секој појадок не значи дека е и здрав. Доколку денот го почнете со лиснато тесто, десерт или бурек во тој случај појадокот нема никакво значење, туку напротив, може да направи вистинска штета на организмот. Нашиот нутриционист м-р Ана Антовска советува дека козјото сирење во комбинација со малку путер и две парчиња леб од од целозрнести житарки е одличен избор за здрав појадок. Изборот може да биде и на варени јајца, овесни трици со пробиотски јогурт или кефир во комбинација со една овошка, просо, киноата, туна-салатата и др.

Доколку ви здодеа овој оброк и сакате да пробате нешто ново и здраво, ви предлагаме денот да го почнете со нутритивно здрав оброк – намаз од индиски ореви.

Индискот орев (Anacardium occidentale) претставува многу барано растение, кое всушност не спаѓа во групата јаткасти плодови, туку во групата на овошја. Тој има прекрасен нутритивен состав, богат е со мононезаситени и полинезаситени масни киселини и со оглед на тоа има висока енергетска вредност, и тоа 576 ккал на 100 гр. Но, масните киселини превенираат од кардиоваскуларни заболувања, појава на дијабетес тип 2, тригилицериди и холестерол во крвта. Потоа содржи многу минерали, како: калциум, калиум, магнезиум, железо, фосфор, цинк и селен. Од витамините застапени се  Ц, К, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина, содржи раситителни влакна, протеини и антиоксиданси.

Напомена: Индискот орев претставува јак алерген, затоа треба да не се користи доколку имате алергија на јаткасти плодови, особено треба да внимаваат трудници кои пројавиле алергија на истите.

Затоа подгответе го овој фантастичен појадок, во комбинација со најмногу две парчиња леб подготвен од целозрнести житарки, кој можете да го комбинирате со сезонски зеленчук, како свеж морков, цвекло или маслинки.

 Намаз од индиски ореви

         Состојки:

  • 1 филџан индиски ореви
  • 50 мл вода
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • 1 чешне лук
  • 1 супена лажица јаболков оцет
  • лимонов сок од пола лимон
  • малку сол
  • 1 кафена лажица свеж магдонос
  • 1 кафена лажица свеж или сув власец
  • 1 лажица свеж или сув копар

Начин на подготовка:

Индиските ореви оставете ги да киснат во вода три часа за да омекнат. Потоа во блендер или мискер, ставете ги сите состојки, освен зачините, и блендираје додека не се добие густа, хомогена смеса. Ставете ја содржината во тегличка или друг керамички сад и додадете ги зачините (магдоносот, власецот и копарот). Доколку ви пречи свежиот лук, користете лук во прав.

Добар апетит!

Најди доктор Закажи преглед Контакт