Почетна » Блог » Wellness » Исхрана и нутриционизам » Зајакнете го здравјето со протеини

Зајакнете го здравјето со протеини

Сподели

Протеините, заедно со водата, се најважните супстанци кои се задолжени за одржување на сите клетки во нашето тело. Бидејќи протеинот подолго се вари, прави да се чувствувате сити: добри вести за луѓето кои се трудат да ослабнат. Протеинот е, исто така, одличен за вашите мускули.

Дали знаете колку протеини ви се потребни и кои се најдобрите извори на протеини? Ова се неколку совети за да ја добиете вашата протеинска моќ.

Фокусирајте се на „основите“

Протеинот е составен од есенцијални и неесенцијални амино киселини. Комплетен извор на протеини е оној што ги содржи сите девет есенцијални амино киселини за да се задоволат потребите на човекот. Тука спаѓа сурутката (млечни извори), немасно месо, белки од јајца и соја.

Дневни дози

10 до 35 проценти од вашите дневни калории треба да бидат протеини во зависност од вашето здравје и физичка активност. Просечен здрав, возрасен човек треба да консумира 0.8 до 1.0 грама/кг протеини секој ден. Ова значи дека просечна жена која тежи 68 кг треба секојдневно да јаде 54-68 грама протеини. Најдобро е доколку континуирано јадете одредена количина на протеини секој ден, наместо да се прејадете еден ден па да избегнувате протеини во наредните неколку дена. Вашето тело обожава постојаност, особено кога станува збор за внесувањето протеини.

Протеините од животните се најважни

Ова значи дека протеините кои ги добивате од животинските продукти најлесно се апсорбираат и користат во вашето тело. На пример, 20 грама протеини од јајца носи повеќе протеини отколку истата количина протеини од растенија. Ова не значи дека не може да ги добиете неопходните протеини од растително потекло. Доколку јадете протеини од животинско потекло, вашето тело полесно ќе го искористи.

Пробајте и други извори

Други извори на протеини се мешунките (суви зрна и грашок), ореви, семиња и млечни производи со мал процент на масленост како павлаката.

Протеини во прав

Бидете внимателни да не го користите протеинот од сурутка како додаток на оброк за да не ги зголемите килограмите. Користете го посебно или како замена за оброк.

Протеинот ги „согорува маснотиите“

Протеинот е „термогеник“ – ги согорува калориите кога се вари во желудникот. Споредено со многу други видови храна богата со јаглехидрати, протеинот има поголем термогенски ефект. Мислете на ова како да го пуштате вашиот дигестивен систем на лента за трчање.

Недостатокот на протеини во организмот може да предизвика низа сериозни здравствени проблеми. Затоа, потрудете се во вашата исхрана да вклучите доволна количина на овие макронутриенти. Редовно јадете млечни производи, месо, риба, јајца и јаткасти плодови.

Најди доктор Закажи преглед Контакт