/Зошто водата е идеалниот пијалак?

Зошто водата е идеалниот пијалак?

Сподели

Водата ја регулира телесната температура, ги пренесува хранливите материи и кислородот и помага во исфрлувањето на токсичните материи од телото. Сепак, повеќето од нас не ја земаат потребната количина вода во текот на денот. Еве неколку совети како да останете хидрирани во текот на денот, посебно во летниот период.

Прво и основно, тоа дека треба да испиете 8 чаши дневно е мит. Доволната количина вода која треба да ја внесете во текот на денот е онаа која претходно сте ја изгубиле по пат на потење, уринирање и дишење. Тоа е околу 8-10 чаши во текот на денот. Земајќи го предвид внесот на овошје и зеленчук, а на тој начин внесуваме околу 4 чаши дневни, значи дека треба да го надоместиме само остатокот или 4-6 чаши на ден.

Како да знаеме дали внесуваме доволно вода?

Колку вода внесуваме можеме да забележиме и по урината. Просечно уринираме 4-8 пати дневно што не е мерило за секого. Потрудете се да ја забележите бојата и мирисот на урината. Доколку урината е посветла и нема никаков мирис, можете да заклучите дека внесувате доволно вода во вашиот организам. Доколку е потемна и мирис на амонијак, тоа е знак дека треба да пиете повеќе вода. Понекогаш, ако јадете цвекло или аспарагус, вашата урината може да има и чудна боја. Затоа не паничете туку потрудете се да се сетите што сте јаделе.

Колку вода да пиеме кога сакаме да ослабиме?

Вистина е дека водата може да ни го забрза метаболизмот кога сакаме да ги изгубиме непотребните килограми. За да го забрзате метаболизмот потребно е да пиете по 2,5 литри вода дневно. Истражувањата покажаа дека доколку го зголемите внесот на вода за 1,5 литри на ден, во текот на годината ќе согорите 17.400 калории повеќе или, претворено во килограми околу 2,25kg.

Колку вода треба да пиете додека вежбате?

Нормално е да пиете повеќе вода на лето или додека вежбате. Најдобро е да испиете 2-3 чаши вода пред вежбањето. На тој начин ќе бидете сигурни дека нема да дехидрирате за време на тренингот или вежбањето. За време на тренингот испијте 1 чаша вода, а по него уште 2-3 чаши.