/Изгледот на ноктите зборува за вашето здравје

Изгледот на ноктите зборува за вашето здравје

Сподели

Ноктите се уште еден симбол на женственост, убавина и стил. Здравите и сјајни нокти, наспроти кршливите и тенки нокти без сјај и живот ја рефлектираат вашата здравствена состојба. Честопати лошиот изглед на ноктите сигнализира системско заболување или проблеми со кожата.

Не може да очекуваме сите да имаме сјајни и мазни нокти, но сè што спаѓа во рамките на нормалниот изглед не треба да ве загрижува. Разгледајте ги детално ноктите и кожата околу нив. Сè што се појавило одеднаш како знак, може да зборува за појава на одредено заболување или недостиг на некој витамин во телото. Прочитајте кои се шесте најчести проблеми кои знаат да бидат придружени со нарушен изглед и виталност на ноктите.

Стрес

Како што стресните ситуации влијаат на квалитетот на косата, на ист начин делуваат негативно и врз виталноста на ноктите на нозете и рацете. Најчесто стресот на ноктите се манифестира со појава на странични бели линии.

Меланом

Многу често карциномот на кожата (меланом) дава знаци под ноктите во вид на кафени дамки или линии под нокотот. Нешто што повеќе може да загрижи е ако се појави на само еден прст. Гледајте ја внимателно кожата под плочката на прстите, која исто така може да биде со променета боја.

Артритис

Мали цисти кои се јавуваат околу или на кутикулите може да бидат придружен симптом на артритис. Цистите се бенигни и се решаваат хируршки.

Псоријаза

Појава на лушпести, црвени дамки на кожата кои се симптоми на псоријазата исто така може да го „нападнат“ и нокотот. Псоријзата на ноктите делува со појава на жолто-црвени обојувања, засеци, задебелувања на кожата под ноктите.

Како да имате здрави и цврсти нокти

Во голем дел од случаите, промената на ноктите не претставува аларм за некаква болест. Превенција на промените на ноктите кои се резултат на друго заболување не постои, но од голема важност е да ги забележите и да разговарате со дерматолог. Здрава балансирана исхрана, пиење многу течности се навики кои ќе направат вашите нокти да имаат здрав изглед. Внесувањето витамин Б и цинк е од големо значење за цврстината на ноктите.