/Зошто не слабеам?

Зошто не слабеам?

Сподели

Секојдневно се соочуваме со луѓе кои имаат проблеми со телесната тежина. Слушаме за нови и функционални диети, но кога ние ги пременуваме истите не функционираат.

Истражувањата покажуваат дека Американиците годишно трошат повеќе од 61 милион долари на производи за слабеење, од кои најголем дел само ветуваат дека ќе ги намалите килограмите, но не ја остваруваат целта. Запомнете дека со неколку корисни навики ќе ја одржувате вашата телесна тежина без да бидете на диета. 40% од луѓето ослабеле додека биле на диета, но за само неколку месеци си ја вратиле тежината.

Досада

На луѓето најчесто им станува досадно секојдневно да јадат иста храна. Затоа најчесто посегнуваат по нездрава варијанта и брза храна. Наместо да наоѓаат алтернатива, едноставно треба да се решат за здрава варијанта.

Искушение

Опкружени сме со луѓе кои секојдневно консумираат нездрава храна, а ние многу често можеме да подлегнеме на нивните понуди и да каснеме храна која ќе го расипе нашиот режим на исхрана. Но, не се предавајте, не значи дека сè што ќе ви понудат треба да земете.

Очекувања

Немојте да се обесхрабрувате бидејќи килограмите не ги губите со ист интензитет. Можеби ќе се случи во првите недели да изгубите повеќе килограми, па потоа да стагнирате. Не се предавајте. Можеби вагата веќе извесно време ја покажува истата телесна тежина, но разликата ќе ја забележите во обемот и облеката која ја носите.