Брза дијагноза на туберкулоза со Xpert MTB/RIF тест

Туберкулозата е системска заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Прогласена е за една од десетте топ водечки болести кои се причина за смрт глобално. Д–р Биљана Ќурчиќ, микробиолог, вели дека инфекцијата вообичаено ги зафаќа белите дробови, иако може да го зафати секој орган во телото. Се претпоставува дека 15–20% од сите дијагностицирани случаи на туберкулоза се со екстраулмонарна презентација на болеста. Оваа бројка е поголема од 25% кај деца и лица со нарушен имунолошки систем. Во овие случаи примарната инфекција зафаќа некој од органите во телото со или без зафатеност на белите дробови. Овој тип туберкулоза е најтежок за дијагностицирање и бидејќи најчесто останува неоткриен, пациентите немаат шанса за навремен третман со туберкулостатици.

Дали се уште има заболени?

Според официјалниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), за 2015 година регистрирани се 10,4 милиони нови случаи на туберкулоза, додека 1,8 милиони луѓе починале од туберкулоза. Пресметките кажуваат дека 30–60% од возрасните во земјите во развој се заразени со туберкулоза. СЗО има развиена стратегија за борба против туберкулозата која е фокусирана на рана и брза дијагностика, универзално тестирање за осетливост кон туберкулостатици и правилен третман на сите заболени лица.

Брзата дијагноза клучна за третман

Дијагнозата на туберкулоза е долг и комплициран процес. Конвенционалната дијагностика трае најмалку 2 месеци од времето кога ќе се засади земениот примерок. Поради сериозноста на болеста, како и фактот дека брзо се шири во вид на епидемии кај населението, потребна е поинаква дијагностика која овозможува добивање точен резултат.

Резултати истиот ден

Примерок за анализа може да биде: искашлок, крв од вена или кој било ткивен примерок земен од возрасен пациент или дете. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена здравствена установа во регионот каде што земениот примерок од ткиво може веднаш да се испрати за анализа во лабораторијата. Вака примерокот се доставува и анализира за кратко време, и намалени се можности за неправилен транспорт и пакување. Овие фактори се од голема важност за поставување точна дијагноза. Резултатот е прецизен, без можности за вкрстени реакции со други бактерии и се добива за околу 2 часа. На овој начин на докторот кој барал испитување за туберкулоза му се доставу- ва валиден резултат уште истиот ден.

Xpert MTB/RIF – брз и прецизен

Единствен препорачан дијагностички есеј од страна на СЗО кој ги исполнува пропозициите за иницијална и брза дијагностика, како и тестирање за осетливост кон туберкулостатици е Xpert MTB/RIF тестот. Овој тест истовремено детектира дали е присутна бактеријата која предизвикува туберкулоза и дали кај неа постои резистенција кон рифампицин. Тестот е поддржан од научниот и техничкиот советнички борд на СЗО како прв избор на тест во ендемските земји како нашата. „Xpert MTB/RIF тестот веќе една година се работи во лабораторијата за молекуларна дијагностика, во ‘Аџибадем Систина’. За точната, сензитивна и специфична анализа се користи автоматизирана метода базирана на амплификација на нуклеинска киселина, која е единствена препорачана технологија од новата генерација на автоматизирани молекуларни дијагностички платформи“, вели д–р Ќурчиќ.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!