Целијакија се нарекува состојбата кога нашиот организам не го поднесува глутенот – кој е составен дел од житариците, пченката, јачменот. Последица од оваа нетолеранција е глутенска ентеропатија што се манифестира кај некои луѓе со воспаление и оток на слузницата на тенкото црево, поради што е намалена ресорпцијата на храната.
Најчести симптоми
Целијакијата најчесто се јавува кај децата кога ќе започнат да земаат храна која содржи глутен. Видливи знаци дека детето има целијакија се :
– Повраќање
– Надуен стомак
– Пролив
– Промена во столицата
– Мрзливост и неактивност
– Млитава мускулатура
– Замор
Освен кај малите деца, целијакијата може да се појави и кај повозрасните. Почетните знаци за појава на болеста често може да се скриени.
Како се дијагностицира?
Единствена метода која ја дијагностицира оваа болест со сигурност е биопсијата на тенкото црево. На примерокот земен за биопсија се забележува дека недостигаат ресичките на тенкото црево, слузницата е потенка и атрофична. Ова заболување е доживотно и ретки се случаите кога некој што не поднесува глутен може во пубертетот да ја изгуби преосетливоста.
Лечење
Единствен лек и прво и основно правило за лечење на целијакијата е безглутенската диета, која треба да трае цел живот. Тоа значи дека во вашата исхрана треба да го избегнувате глутенот и намирниците што го содржат како што се пченица, ’рж, јачмен. Најновите истражувања покажале дека зобот не содржи глутен и може да се консумира.
Диета
Доколку по грешка земете производ кој содржи глутен, организмот може да не реагира – ова се вика скриен облик на целијакија. Многу луѓе кои ја имаат оваа болест, а немаат јаки и интензивни симптоми одбиваат да ја држат оваа диета. Доколку немате реакција, не значи дека можете повторно да се храните нормално. Диетата е неопходна бидејќи доколку не ја третираатe целијакијата може да настанат дополнителни компликации и заболувања, кои можат да доведат и до појава на карцином.
Дозволена храна за лицата со целијакија
– Сите видови овошје
– Од житариците – ориз, пченка, просо, соја, сусам
– Сите видови зеленчук
– Месо, риба, јајца
– Млеко и млечни производи
– Шеќер, чај, кафе, какао,
– Скроб
Забранета храна
– Пченица, ’рж, јачмен и сите нивни преработки
– Пиво, виски
– Леб со пченкарно брашно
– Готови супи, готова храна, сосови
– Суви смокви
– Сувомеснати производи – салама, колбаси, паштета (најчесто содржат брашно)