Целијакија – болест со повеќе од 300 симптоми

И покрај тоа што дијагностицирање одредена болест е негативна вест, за луѓето  дијагностицирани со целијакија правилната дијагноза значи крај на проблемите. Целијакија е генетско автоимуно заболување кое се јавува при внес на храна која содржи глутен. Кај лицата со целијакија, телото го препознава глутенот како „туѓо тело“ и почнува да реагира напаѓајќи ги сопствените клетки. Под поимот глутен во лаичката интерпретација пред сè се мисли на белковина од пченицата, пирот, ’ржта и јачменот каде тој е присутен во различни комбинации на своите компоненти – растителните белковини проламин и глутелин.

Со повеќе од 300 симптоми, целијакијата е состојба која е тешка и комплицирана за дијагностицирање. Голем дел од пациентите со години ги чувствуваат симптомите без притоа да имаат точно утврдена дијагноза. Лутаат од еден на друг доктор, се со цел да најдат спас за нивната состојба.

Се смета дека целијакијата се јавува откако е поттикната од некој здравствен проблем, како што е вирусна инфекција, бременост, породување или емоционален стрес. 

Главни симптоми на целијакија

  • Надуеност, гасови и абдоминална болка
  • Течни столици или запек
  • Раздразливост и промени во однесување
  • Треска
  • Чувствителна кожа
  • Болки во зглобовите
  • Губење на тежината
  • Нередовни менструални циклуси
  • Слаби коски кои водат до скршеници
  • Забавен раст

Овие симптоми варираат индивидуално. Некои од лицата со целијакија немаат никакви надворешни симптоми. Лица со одредени фактори на ризик, кои што имаат член на семејството со оваа болест, треба да се тестираат, дури и ако симптомите не се присутни.

Третман – безглутенска диета

Ваквата состојба се става под контрола откако ќе се воведе безглутенски режим на исхрана. Преминувањето на безглутенска исхрана е промена како нешто ново на што ќе треба да се навикнете. На почетокот може да чувствувате дека сте лишени со ограничувањата во исхраната, особено ако немате изразени симптоми. Но, ќе бидете пријатно изненадени кога ќе сфатите колку производи не содржат глутен. Зеленчукот, овошјето, јајцата, рибата, печурките, месото, млечни производи, дел од целозрнестите житарки, мешунките… сите тие производи се без глутен. Изборот е навистина голем. Најдобро е пред да почнете да консултирате диетолог/нутриционист, кој ќе ви помогне како да се приспособите на новиот начин на исхрана.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!